Дијамантска мрежа (Фабержеово јајце)

Дијамантска мрежа — царско Фабержеово јајце, едно од низата од педесет и две украсени јајца направено од страна на Август Холмстрем под водство на Петар Карл Фаберже за руското царско семејство во 1892 година.[1] Било изработено и доставено на тогашниот цар на Русија, Александар III, кој го подарил на својата сопруга Марија Фјодоровна на Велигден 1892 година. Јајцето е сопственост на американската двојка, Арти и Дороти Мекферин, а прикажано е во Хјустонскиот природонаучен музеј.[2]

Дијамантска мрежа
Јајцето „Дијамантска мрежа“
Година на изработка1892
НарачателАлександар III
ПримателМарија Фјодоровна
Моментален сопственик
Индивидуална или
институционална
Арти и Дороти Мекферин
Дизајн и материјали
МастерАвгуст Холмстрем
Употребен материјалзлато, јадеит, дијаманти
Висина108 мм
Изненадувањејајцето се отвора да открие слон од слонова коска, иако се мислел дека недостига со години, бил откриен во Британската кралска збирка

Јајцето чинело 4.750 сребрени рубљи и содржело автоматизиран слон од слонова коска покриен со скапоцени камења.[1] Изненадувањето, иако се мислело дека недостига со години, било откриено од Британската кралска збирка.[1]

Дизајн

уреди

Јајцето е направено од јадеит, злато, дијаманти и обликувано со бел атлас. Обликувано е од бледозелен јадеит и надополнето со дијаманти со златни делови. Јајцето е закачено и голем дијамант се наоѓа на својата основа.[1] Првично на неговата основа се наоѓале три сребрени ангели, кој ги претставувале трите сина на царската двојка, големите војводи Николај, Георгиј и Михаил.[1] Ангелите поставени на јадеитна основа, сега се изгубени.[1]

Изненадување

уреди

Изненадувањето било автоматизиран слон од слонова коска. Тоа било прва автоматизација направена од Фаберже за царско јајце, негова следна автоматизација била направена во 1900 година за јајцето Борова шишарка дарувано на Барбара Келх.[1] Изненадувањето било детално опишано кога јајцето било држено во Гачинскиот дворец.[1]

Историја на јајцето

уреди

Јајцето било подарено на царицата Марија Фјодоровна од нејзиниот сопруг, Александар III на 5 април 1892 година и подоцна било чувано во Гачинскиот дворец.[1] Било едно од 40. јајца испратено во Оружениот дворец од привремената влада на Русија во септември 1917 година. Било префрлено во Советот на народните комесари во 1922 година, а околу 1927 година било продадено од Антикваријатот на Мајкл Норман од Аустралијан Перл Компани.[1] Подоцна било купено од Емануел Сноумен од лондонските златари, Вартски, било купено од Вартски од Китсон во октомври 1929 година.[1] По смртта на Китсон било ставено на аукција на Сотби во декември 1962 година за 2.400 фунти и купено од агент на купувачот со прекар Драгер.[1] Подоцна било во посед на приватна збирка во Обединетото Кралство од 1962 до 1977 година и чувано од приватна збирка во Лондон во 1983 година.[1]

Јајцето „Дијамантска мрежа“ моментално е поседувано од Арти Мекферин, успешна стопанственичка во хемиската и нафтената индустрија на Хјустон, кој со својата сопруга, Дороти, ја поседуваат една од најголемата приватна збирка на Фаберже во САД.[2] Покрај јајцето „Дијамантска мрежа“, Мекферин поседуваат Фабержеови јајца направено за рускиот благородник Александер Келх и шведско-рускиот нафтен барон Емануел Нобел.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 Вил Лоус; Кристел Лудевиг Меканлес (1 јануари 2001). Fabergé Eggs: A Retrospective Encyclopedia. Scarecrow Press. стр. 282–. ISBN 978-0-8108-3946-5.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Houston couple puts Faberge collection on display“. Yahoo News - Houston couple puts Faberge collection on display. Associated Press. Посетено на 21 ноември 2013.