Дијамандија Мишајков

Дијамандија Трпков Мишајков (Дијамандије, Диаманд) Трпков (Трпковиќ) (Битола, 15 март 1872Софија, 6 април 1953) бил еден од првите дејци коишто ја протежираат идејата за национална посебност на Македонците и концепцијата за сопствена држава. Бил член-основач на Македонскиот клуб со читалиште во Белград во 1902 година и уредник на неговиот орган весникот „Балкански гласник“, член-основач и прв привремен претседател на МНЛД во Санкт Петербург (1902) и соавтор на првата комплетна македонска националноослободителна програма.[1]

Дијамандија Трпков Мишајков
Роден 15 март 1872
Битола, Отоманско Царство денеc Македонија
Починал 6 април 1953
Софија, НР Бугарија
Занимање македонски национален деец
Споменик на мишајков во Битола

Животопис уреди

Мишајков е роден во Битола на 15 март 1872 година. Бил иницијатор за основање на културно-просветното друштво „Проглед“. Во Белград се поврзал со групата македонски „сепаратисти“, од каде одржувал врска со своите истомисленици во Битола и во Охрид. Заедно со Стефан Ј. Дедов го основале Македонскиот клуб во Белград и весникот „Балкански гласник“, чија задача била да ги воспитува своите сонародници умствено, морално, нацио нално и политички и да го инфор мирајавното мислење за состојбата на своите поробени браќа. Првата јавна промоција на македонската национална програма била изнесена токму од Македонскиот клуб во Белград (в. „Балкан скигласник“, 1903). тој заедно заедно со Стефан Ј. Дедов и Крсте П. Мисирков во октомври 1902 година во Санкт Петербург формираа македонска колонија и Македонско научно литературно другарство. Оваа организација, од 1902 до 1917 година станала главен носител на македонската национална идеологија, но главно надвор од границите на Македонија. Следствено на таквата активност на МК во Белград, наскоро тој ќе биде забранет, а кон крајот на 1902 година тој како еден од главните организатори заминува за Санкт Петербург. Во Санкт Петербург се придружил на работата на Македонското научно-литературно другарство и на 12 декември 1902 година го објавува Меморан умот, кој меѓу другото бил доставен и до Руската влада и Советот на Санк-Петербуршкото словенско благот ворно друштво. Во Меморандумот јасно се гледа дека кај Мишајков и кај другите негови соработници, македонски интелектуалци, недвосмислено прецизно е изразена идејата за национална самостојност и воведување на едно од македонските наречја за литературен македонски јазик.[2] Во 1903 година охрабрен се вратил во Македонија со намера да ја организира просветата и да го шири македонскиот национален дух, но се сретнал со силни отпори и разочаран заминал за Бугарија. Во текот на Втората светска војна семејството Мишајкови било евакуирано во гратчето Своѓе, крај Софија, од каде Мишајков го помагал движењето на отпорот како адвокат на осудени илегалци. Починал на 6 април 1953 година во Софија.

Наводи уреди

  1. Д-р Блаже Ристовски, Улогата и местото на Дијамандија Мишајков во македонската културно-национална историја, зб.: Научна мисла – Битола, 1980, 383–401.
  2. Д-р Блаже Ристовски, Димитрија Чуповски (1878–1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград, И, 1978, 157–163;