Балкански гласник

Балкански гласник (на српски: Балкански Гласник; на француски: Revue Balkanique, Ревју Балканик) — бил неделен весник кој излегувал во Белград во периодот од 7 јули до 25 август 1902 година. Бил издаван од Стефан Дедов на српски јазик, но воведните страни биле преведувани и на француски јазик.[1] Главен уредник на весникот бил Дијамандија Мишајков.

Насловната страница на првиот број, објавен на 7 јули 1902 година

Во првиот број, весникот си ја поставува следната цел: „Да ги воспитува своите сонародници умно, морално, национално и политички и да го изнесува јавно своето мислење за положбата на своите поробени браќа“.[2] Овој весник прв јавно ја афирмирал програмата на македонскиот национален сепаратизам, изјаснувајќи се за: македонска нација, македонски јазик, македонска црква и македонска автономија и станал претходник на Македонското научно - литературно друштво во Санкт Петербург.[3] Вкупно излегле 8 броја. На 25 август 1902 година работата на весникот е забранета и неговите уредници се изгонети од Србија.[2]

Наводи уреди

  1. Блаже Ристовски, „Димитрий Чуповский и македонское национальное сознание“ (Димитрија Чуповски и македонското национално сознание), Москва, 1999.
  2. 2,0 2,1 Македонска енциклопедија, том I, Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 2009.
  3. д-р Стојан Киселиновски и д-р (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 60–61. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)