Дитриксдорф
Дитриксдорф (германски: Dietrichsdorf) — село и поранешна општина во округот Витенберг, во Саксонија-Анхалт, Германија. Од 1 јануари 2011 е дел од градот Цана-Елстер. Од 1 јануари 2005 до јануари 2011, општината припаѓала на заедницата на општини (Verwaltungsgemeinschaft) Елбауе-Флеминг, а пред тоа на заедницата на општини Миленгрунд.
Дитриксдорф | |
Место во Цана-Елстер | |
Црквата во Дитриксдорф | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија-Анхалт |
Округ | Витенберг |
Град | Цана-Елстер |
Основни податоци | |
Површина | 11 км2 |
Надм. височина | 77 м |
Население | 209 (31 декември 2009) |
- Густина | 19 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | WB |
Пошт. бр. | 06888 |
Повик. бр. | 034922 |
Координати | 51°52′4″N 12°46′56″E / 51.86778° СГШ; 12.78222° ИГД |
Географија и сообраќај
уредиСелото се наоѓа 9 километри источно од Витенберг на северниот брег на Елба. Низ подрачјето на селото поминува сојузниот автопат (Bundesstraße) B 187 и железничката линија помеѓу Витенберг и Котбус.
Историја
уредиПрвичната словенска населба Дитриксдорф првпат е спомената на 14 ноември 1385. Меѓутоа била именувана по водачот на доселениците Дитрих, кој ја предводел групата германски доселеници во текот на источната колонизација; првичното словенско име не се зачувало.
Килзо првпат бил споменат во 1378. Килзо, исто така, е со словенско потекло. Името доаѓа од koko, што значи „кружење“ „круг“ или „округло село“, кое најмногу се донесува на обликот на селото. Од 1942, селото е дел од Дитриксдорф.
Административни единици
уредиДитрихсдорф ги има следниве единици: Галин и Килзо.
Знаменитости
уреди- Црква од тули градена во 1705
- Воденица во Дитриксдорф
Надворешни врски
уреди- Локална историја Архивирано на 13 септември 2005 г.
Оваа место во округот Витенберг статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |