Диоклецијанов прозорец
Диоклецијанов прозорец, познат и како термален прозорец — голем полукружен прозорец, карактеристичен за масивните јавни бањи (терми) во Стариот Рим. Во поново време, овој вид на прозорец е делумно заживеан од страна на некои неокласични архитекти.
Називи
уредиДиоклецијановите прозорци се именувани по прозорците кои се среќаваат на Диоклецијановите бањи во Рим од 302 година (На местото на термите денес се наоѓа црквата Пресвета Богородица дегли Ангели е деи Мартири.). Описниот назив „термален прозорец“ исто така произлегува од неговата поврзаност со Диоклецијановите терми.
Опис
уредиДиоклецијановите прозорци се големи сегментни засводени прозорци (или други отвори) коишто обично се поделени на три дела (прозорски прегради) со вертикални шпросни. Средната преграда е често поширока од страничните.[1]
Влијание
уредиОвој вид на прозорец бил заживеан и применет во Италија во 16 век, особено од Андреја Паладио. Паладио и другите архитекти во нивните градби вклучувале продолжен Диоклецијанов прозорец во облик на засводена средна преграда, придружена од потесни квадратни отвори. Оваа комбинација станала позната како Паладијански или венецијански прозорец.
Диоклецијановите прозорци имале многу поголема примена во раниот 18 век од страна на англискиот архитект Ричард Бојл,[2] кој бил еден од зачетниците на англискиот Паладијански стил, како и од неговите следбеници.
Диоклецијановите прозорци продолжиле повремено да се користат во големите јавни градби како елемент на различните правци во склоп на неокласичната архитектура, вклучувајќи го движењето Бозар (1880-1920).
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Bradley, Simon, уред. (2010). Pevsner's Architectural Glossary. Yale University Press. стр. 54. ISBN 978-0-300-16721-4.
- ↑ www.britannica.com- Diocletian Window