Димитрие Ивановски
Димитрие Трпев Ивановски ( 1927 во Скопје — 13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно семејство. По завршувањето на основното училиште, изучил механичарски занает. Со формирањето на партизанските единици во околината на Скопје, заедно со други напредни младинци на 12 септември 1944 година, заминале на Китка каде стапил во редовите на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил распореден во третиот баталјон. Набргу се истакнал со својата храброст и дисциллинираност. Бил учесник во борбите кај селото Говрлево, Света Петка, Водно и на теренот покрај Треска. Со својот баталјон учествувал во борбите за преземање на железничката станица во селото Драчево, како и во маршот за ослободување на Велес. На 12 ноември 1944 година со необична радост ја примил веста дека неговата бригада, добила борбена задача да ги нападне германските позиции во градот и да учествува во борбите за ослободување на Скопје. Во крвавите улични борби водени на 13 ноември 1944 година, храбро загинал. Неговите останки биле закопани на скопските гробишта.[1]