Димитар Кафтанџиев
Димитар Кафтанџиев (8 ноември 1926 во Струмица) — македонски хирург, редовен професор на Медицинскиот факултет. Извршил први операции на отворено срце во Македонија. Бил директор на Хируршката клиника (1976-1982) и Клиниката за тораковаскуларна хирургија (1963-1987) и продекан на Медицинскиот факултет во Скопје (1970-1972). Објавил над 100 научни и стручни трудови и две книги.[1]
Димитар Кафтанџиев | ||
Роден | 8 ноември 1926 Струмица | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | хирург професор |
НаводиУреди
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Кафтанџиев“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. стр. 683. Text "series " ignored (help)