Чарлс Дикенс

(Пренасочено од Дикенс)

Чарлс Џон Хафем Дикенс (англиски: Charles John Huffam Dickens; Портсмут, 7 февруари 1812Хајем, 9 јуни 1870) — англиски писател и социјален критичар. Дикенс е автор на едни од најпознатите светски ликови и дела и тој се смета за еден од најголемите писатели во Викторијанската ера.[1] Неговите дела уживале голема популарност своевремено, а веќе во 20 век научниците и книжевните критичари го признале како книжевен гениј.[2][3]

Чарлс Дикенс
Чарлс Дикенс
Дикенс во Њујорк, 1867-1868
Роден/аЧарлс Џон Хафем Дикенс
7 февруари 1812(1812-02-07)
Портсмут, Хемпшир, Англија
Починат/а9 јуни 1870(1870-06-09) (возр. 58)
Хајем, Кент, Англија
ПочивалиштеАгол на поетите, Вестминстерска опатија
Занимањеписател
Националностбританска
Значајни дела
Сопруг/аКејтрин Дикенс
Деца
Потпис

Дикенс е роден во Портсмут. Тој го напуштил училиштето за да работи во фабрика во период кога неговиот татко бил затворен. И покрај недостатокот на образование, тој бил уредник на неделник цели 20 години, напишал 15 романи, пет новели, стотици кратки раскази и статии, држел предавања, борец за правата на децата, образованието и социјалните реформи.

Успехот на Дикенс започнал во 1836 година со издавањето на Посмртните записи на Пиквичкиот клуб. За неколку години тој станал светска книжевна ѕвезда, познат по својот хумор, сатира и детален приказ на ликовите и општеството. Неговите романи, повеќето објавени во месечни списанија или неделници, биле пионери на сериското издавање на еден расказ, што пак станало доминатен начин за издавање еден роман во Викторијанската ера.[4][5] Овој начин на издавање му дало можност на Дикенс да ја испита реакцијата на публиката за претходното објавено дело и така често ги поправал своите ликови или приказни во согласност со реакцијата на публиката.[5]

Дикенс се сметал за книжевен големник во неговото доба..[6] Неговата новела од 1843, Божиќна приказна, сè уште е популарна и инспирира секакви други адаптации. Оливер Твист и Големите исчекувања исто така се предмет на адаптаци, но тие се исто така важни за деталниот преглед на Лондон и Викторијанска Англија. Дикенс добил пофални критики од голем број светски книжевни џинови, почнувајќи од Лав Толстој па сè до Џорџ Орвел на пример.

Животопис

уреди

Чарлс Џон Хафем Дикенс е роден на 7 февруари 1812 година, Ландпорт на островот Портси, во близина на Портсмут. Тој бил второ од осумте деца на Џон Дикенс (1785–1851) и Елизабет Дикенс (родена Бароу; 1789–1863). Неговиот татко бил службеник во Нејви Пеј Офис. Во јануари 1815 година, Џон Дикенс заминал на служба во Лондон и тогаш семејството Дикенс се преселило на улицата Норфолк во Фицровија.[7] Кога Дикенс имал само четири години, неговите родители се преселиле во Ширнес, а потоа во Чатам, Кент, каде живееле до неговата 11-годишна возраст. Навидум имал идилично рано детство, иако самиот Дикенс рекол дека било „момче на кое не му посветувале особено внимание“.[8]

Чарлс своето време главно го поминувал надвор, но исто така многу читал. Така, тој растел со книгите на Тобијас Смолет и Хенри Филдинг, но и со Робинзон Крусо. Тој особено ги читал 1001 ноќ и Елизабет Инчбалд.[9] Тој имал голема меморија за своето детство, запаметувајќи голем број луѓе и настани, кои подоцна ги користел во своите дела.[10] Поради работата на татко му во Нејви Пеј Офис, тој имал можност и на приватно школување за краток период во Чатам.[11]

Овој период завршил во јуни 1822 година, кога Џон Дикенс бил повикан во централата на Нејви Пеј Офис и така целото семејство, освен Чарлс, се преселиле во Камден Таун во Лондон.[12] Семејството го напуштило Кент поради долговите,[13] па така Џон Дикенс бил затворен во Лондон во 1824 година. Тогаш, 12-годишниот Чарлс Дикенс започнал да живее со семејната пријателка Елизабет Ројланс.[14] Во тоа време, тој бил принуден сам да заработува за живот работејќи во фабрика за боја за чевли. Сеќавајќи се на тоа време, многу подоцна, тој напишал: „Јас толку длабоко во себе го зачувава споменот на чувството на запоставеност и немоќ; целото мое битие беше до таа мера опседнато со свеста за понижувачката неправда чија жртва бев во тоа време, што и денес пред таа темна сенка од горчливото детство често потреперувам... Сè заборавам и мрачни соништа ме пренсуваат во првите години на мојот живот.“[15]

Позначајни дела

уреди

Дикенс имал објавено повеќе од 12 романи, голем број на кратки раскази и статии, неколку драми и слично. Позначајни дела на Дикенс се:[16]

Наводи

уреди
  1. Black 2007, стр. 735.
  2. Mazzeno 2008, стр. 76.
  3. Chesterton 2005, стр. 100–126.
  4. Grossman 2012, стр. 54
  5. 5,0 5,1 Lodge 2002, стр. 118.
  6. Cain 2008, стр. 1.
  7. Charles Dickens and the Great Theatre of the World, Simon Callow, p. 5.
  8. Forster 2006, стр. 13.
  9. Simon Callow, Charles Dickens and the Great Theatre of the World, p.7
  10. Ackroyd 1990, стр. 22–24:29–30.
  11. Ackroyd 1990, стр. 41.
  12. Simon Callow, p. 13.
  13. Ackroyd 1990, стр. 76:'recklessly improvident'.
  14. Pope-Hennessy 1945, стр. 11.
  15. Веле Смилевски, „Роман за несреќното детство“, во: Чарлс Дикенс, Оливер Твист. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 157-158.
  16. Веле Смилевски, „Роман за несреќното детство“, во: Чарлс Дикенс, Оливер Твист. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 158.

Дополнителна литература

уреди

Надворешни врски

уреди

Дела

уреди

Портали

уреди

Музеи

уреди