Големите исчекувања
Големите исчекувања (англиски: Great Expectations) — тринаесетти роман на Чарлс Дикенс. Централна тема на романот е личниот развој на сиракот именуван Пип. Ова е втор роман на Дикенс, после Дејвид Коперфилд, кој целосно е напишан во прво лице. Првично, романот бил издаден во вид на серијал во неделникот „Низ текот на целата година“ („All the Year Round“) од 1 декември 1860 до август 1861.[1] Во октомври 1861 година Чапман и Хал го издал романот во три тома.[2]
Насловна од првото издание од јули 1861 година. | |
Автор | Чарлс Дикенс |
---|---|
Земја | Обединето Кралство |
Јазик | англиски |
Жанр | роман |
Објавена | во серија 1860-1; книга 1861 |
Издавач | Чапман и Хал |
Медиум | печатена |
Страници | 544 (прво издание од 1861) |
Приказната се одвива во Кент и Лондон во раните години на 19 век[3] и во него се опишани некои од најзначајните сцени на Дикенс.[4] „Големите исчекувања“ е преполн со екстремни сцени - сиромаштија, затвори на бродови, ланци и борви до смрт[4]— и има разновиден сет на ликови кои станале дел од популарната култура низ светот, а особено англо-говорниот свет. Делата на Дикенс се испреплетени од љубов и одбивања, богатство и сиромаштија, борбата меѓу лошото и доброто и слично.[4] Овој роман е популарен меѓу читателите и критичарите, а истиот е преведен на скоро сите светски јазици.[5][6]
Ликови
уреди- Пип и неговото семејство
- Филип Пирип - Пип
- Џои Гаргери, зет на Пип
- Џорџијана Марија, г-ца Џои, сестра на Пип
- Г. Пумблчук, чичко на Џои Гаргери
- Госпоѓа Хевишем и семејството
- Г-ѓа Хевишем, богата стара мома која го зема Пип со неа и нејзината посвоена ќерка Естела.
- Естела, посвоена ќерка на г-ѓа Хевишем,
- Метју Покет, братучед на г-ѓа Хевишем,
- Херберт Покет, син на Метју
- Братучед Рејмонд, роднина на г-ѓа Хевишем,
- Џорџијана, роднина на г-ѓа Хевишем,
- Сара Покет, сестра на Метју
- Детството на Пип
- Осуденикот, осуденик кој бега од затвор,
- Господин и госпоѓа Хабл, соседи на Пип
- Биди, втора братучетка на Вопсл,
- Господин Џегерс и неговите блиски
- Господин Џегерс, познат лондонски правник
- Џон Вемик, службеник кај Џегерс
- Моли, слуга на Џегерс
- Антагонисти
- Компејсон, осуденик и бегалец
- Артур Хевишем, млад полубрат на г-ца Хевишем
- Долџ Орлик, работник кај Џои Гаргери
- Бентли Драмл, неинтелегентен млад маж од богата фамилија
Наводи
уреди- ↑ „Was Dickens Really Paid By the Word?“. University of California Santa Cruz: The Dickens Project. Regents of the University of California. Посетено на 15 February 2013.
- ↑ Dickens, Charles (1861). Great Expectations. I (1. изд.). London: Chapman and Hall. Посетено на 6 January 2017 – преку Семрежен архив.; Dickens, Charles (1861). Great Expectations. II (1. изд.). London: Chapman and Hall. Посетено на 6 January 2017 – преку Семрежен архив.; Dickens, Charles (1861). Great Expectations. III (1. изд.). London: Chapman and Hall. Посетено на 6 January 2017 – преку Семрежен архив.
- ↑ „Great Expectations by Charles Dickens“. Cliffsnotes. Архивирано од изворникот на 2012-10-28. Посетено на 30 October 2012.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Charles Dickens 1993, стр. 1 , introduction.
- ↑ Paul Schlicke 1999, стр. 263
- ↑ John Hillis-Miller 1958, стр. 249–278
Надворешни врски
уреди- Е-книги
- Големите исчекувања ePub, Mobi, PDF
- Големите исчекувања на Семрежен архив
- Great Expectations на Проектот „Гутенберг“
- Големите исчекувања Архивирано на 7 јули 2017 г. – HTML верзија
- Големите исчекувања – PDF скенови
- Друго
- Оригинален ракопис Архивирано на 14 јуни 2008 г.
- Статија на Дејвид Паркер за Дикенсоновиот Лондон
- Карта на Дикенсоновиот Лондон
Оваа статија за книга е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |