Стивен Волфрам

британски информатичар, физичар и математичар

Стивен Волфрам (роден 29 август 1959) е британски научник и главен дизајнер на Mathematica софтверскиот програм и Wolfram Alpha системот за компјутерско пребарување на интернет.

Стивен Волфрам
Роден(а)29 август 1959(1959-08-29)(65 г.)
Лондон, Англија
НационалностБританец
ПолињаМатематика, Физика, Компјутерски Науки
УстановиВолфрам Истражување
ОбразованиеУниверзитет Оксфорд, Калтек
Познат потворец на Математика and Волфрам Алфа
Автор на Нов вид на наука
Поважни наградиМкАртур Партнерство

Животопис

уреди

Родителите на Стивен Волфрам биле еврејски емигранти кои емигрирале од Вестфалија, Германија, во Англија во 1933. Таткото на Волфрам, Хуго, бил производител на текстил и романописец, а мајка му Сибил била професор по филозофија на Универзитетот Оксфорд. Има помлад брат, Конрад.

Волфрам се образовал на Етон, каде ги вчудовидувал и фрустрирал во истовремено своите професори од неговата брилијантност и одбивноста да биде научен, и пишувајќи ја домашната на другите ученици за пари. Волфрам издал артикл на физика за честички, но тврдел дека му е досадно и го напуштил факултетот Етон предвреме во 1976. запишал на колеџот Св.Џон, Оксфорд на 17 години но предавањата таму за него биле ужасни. Работел независно и издал истражување за создавање на кваркови на 18 години и усте 9 други истражувања пред да замине од факултетот во 1978 без да дипломира. Тој докторирал во физика на честичките на Калифорнискиот институт за технологија на 20 години , се приклучил кон факултетот и бил добитник на една од првите MacArthur awards. во 1981 на 21 година. Работата на Волфрам со Џефри Фокс на теоријата на Квантна хромодинамика е сè уште користена денес во експерименталната физика со честички.Волфрам е оженет со математичарка и има 4 деца.

Неговите дела

уреди

Волфрам започнал со развивањето на програмот Mathematica во 1986. Првата верзија од програмот била пуштена во употреба на 23 јуни 1988 и веднаш била поздравена како огромен исчекор во компјутерската наука. Следните години, популарноста на Mathematica растела и Wolfram Research е прогласена како светски водач во софтверската индустрија, широко позната совршеноста во технологијата и бизнисот. Моментално со верзија 8, Mathematica е последната технологија во софтверската средина во науката и технологијата. Во 1991, Волфрам тој покрај Mathematica почнал и со некои научни истражувања. Градејќи ја својата работа од средината на 1980, заедно со Mathematica како алатка, Волфрам дојде до многу нови откритија. До средина на 1990-тите неговите откритија го доведоа до развој на нова основна концептуална област за изучување, за која го помина остатокот од 90-тите години применувајќи го не само на нови прашања туку и на многу веќе постоечки проблеми од физиката, биологијата, компјутерските науки, математиката и уште неколку полиња.

Во 1981 Волфрам тргна на амбициозен животен пат низ науката за да ги разбере почетоците на сложеноста во природата. Неговата клучна идеја е да користи компјутерски експерименти за да го проучи однесувањето на cellular automata . Почнувајќи во 1982 тоа му овозможи да дојде до серија од зачудувачки откритија за почетоците на сложеноста. Научните трудови кои Волфрам ги издаде на оваа тема имаа силен удар и ги поставија темелите на новата област која Волфрам ја нарекол “истражување на сложени системи”. Низ средината на 80-тите , Волфрам продолжил со својата работа на сложеноста, откривајќи голем број основни поврзаности помеѓу компјутерите и природата и смислувајќи концепти како computational irreducibility. Неговата работа го однела до многу различни примени и обезбедила главните научни пронаоѓања за такви иницијативи како теоријата за сложеноста и вештачки живот. Самиот тој ги користи своите идеи за да создаде нов систем на случаен избор нов пристап на computational fluid dynamics . И двете работи се во широка примена во денешниот свет. Следејќи ја својата работа на истражување на сложени системи, во 1986 година тој го отвори првиот истражувачки центар и првиот дневник за ова поле, Complex Systems . Потоа, после многу успешна кариера во едукацијата, прво во Калтек, потоа во институтот за напредни истражувања на Принстон и на крај како професор по физика, математика и компјутерски науки на универзитетот Илиноис, Волфрам го стартуваше Wolfram Research, Inc.

Од 1992 до 2002, тој работел на неговата контроверзна книга, “A New Kind of Science”, која претставува емпириско истражување на многу прости компјутерски системи. Исто така, тврди дека за фундаментални причини овие типови на системи, повеќе отколку традиционалните математички системи, се потребни да бидат моделирани и да се разбере нивната природна комплексност. Заклучокот на Волфрам е дека универзумот по природа е дигитален, и постои врз фундаментални закони кој можат да бидат објаснети како прости програми. Тој предвидел дека реализацијата на ова во истражувачкото општество ќе има големо револуционерно влијание врз физиката, хемијата и биологијата и поголемиот дел од истражувачките области во главно, што е и причината за насловот на книгата. После скоро 10 години на многу концентрирана работа, Волфрам конечно ги објасни своите достигнувања во книга од 1200 страни, A New Kind of Science. Пуштена во продажба на 14 мај 2002 година, книгата беше широко прифатена и веднаш стана бестселер. Од издавањето на книгата во 2002, Волфрам го поделил своето време помеѓу усовршувањето на Mathematica и поттикнување на луѓето да се вклучат во темата на неговата книга A New Kind of Science со одржување на говори, држење прес конференции, отворање на летна школа посветена на таа тема.

Wolfram|Alpha

уреди

Во Март 2009, Волфрам прогласил дека Wolfram|Alpha математичка база, има нов пристап на пронаоѓање информации и лесен за користење интерфејс, кој бил активиран на 16 мај , 2009. Базата е заснована на обработка на природниот јазик, огромна библиотека од алгоритми и пребарувања на одговори кој го користат пристапот објаснет во A New Kind of Science. Интерфејсот овозможува други апликации да го поддржат и да ја подобрат работата на Alpha.

Поважни моменти во животот на Стивен Волфрам

уреди
Година Достигнување
1981 Започнал со работа со cellular automata
1981 Добитник на MacArthur Prize Fellowship
1986 Го основал центарот за комплексни системски истражувања
1986 Станал професор на University of Illinois
1986 Започнал со развивањето на Mathematica
1987 Ја основал Wolfram Research, Inc.
1988 Mathematica version 1.0 достапна
1991 Започнал со пишување на A New Kind of Science
2002 А New Kind of Science завршена и достапна за светот
2002 A New Kind of Science станува бестселер
2009 Alpha достапен за употреба

Врски

уреди