Дејвид Кокс (англиски: David Roxbee Cox; Бирмингем, 15 јули 1924Оксфорд, 18 јануари 2022) — истакнат британски интелектуалец и статистичар.

Дејвид Кокс
Кокс во 1980 година
Роден(а)15 јули 1924
Бирмингам, Англија
Починал(а)18 јануари 2022 (97 г.)
Оксфорд, Англија
ДржавјанствоОбединето кралство
ПолињаСтатистика
ОбразованиеКолеџ Свети Јован, Кембриџ
Лидски универзитет
Докторски менторХенри Даниелс
Бернард Луис Велч
Познат поКоксови модели на пропорционален хазард
Коксов процес
Бокс-коксова трансформација
Матрично-експоненцијална дистрибуција
Стохастични процеси
Планирање на експерименти
Поважни наградиВитез бакалар
Член на Лондонското кралско општество
Гајов медал (Сребрен, 1961; Златен, 1973)
Џорџ Боксов медал (2005)
Коплејев медал (2010)
Меѓународна награда за статистика (2016)

Животопис

уреди

Раните години

уреди

Кокс, студирал матeматика на Универзитетот во Кембриџ. Се стекнал со докторат по применета математика на Универзитетот во Лидс во 1949 година. Тој во Англија ги добива своите универзитетски дипломи и потоа ја развива својата научна кариера, со што станува светски познат статистичар.

Кариера

уреди

Во својата долгогоишна кариера, Дејвид Кокс, напралил големи научни достигања и дал голем придонес за натамошниот развој на статистика и математика. Од 1950 до 1956 година работел во статистичката лабораторија на Универзитетот во Кембриџ. По завршување на таа работа, станал професор по статистика на Биркбек Колеџ во Лондон. Во 1966 постиглал уште поголем успех, така што станал претседател и професор на одделот по статистика на Кралскиот Колеџ во Лондон, а потоа станал и раководител на математичкиот оддел. На Кралсиот колеџ работел до 1988, а потоа заминал да предава на Оксфорд сè до 1994. Во истата година Дејвид се повлекува од тие позиции.

Дејвид Кокс е еминентен статистичар, кој бил прогласен за витез од страна на Кралицата Елизабета II во 1982 година, во знак на благодарност на неговиот придонес за статистичките науки. Истата година бил именуван за доктор на науки од страна на многу универзитети во Англија и ширум светот. Од 1981 до 1983 бил претседател на Кралското Статистичко општество, но исто така бил и претседател на друштвото Бернули ( 1972-1983 ) и претседател на Меѓународен статистички институт (1995 -1997).

Тој ги надгледувал, соработувал и инспирирал своите помлади истражувачи, кои денес заземаат значајно место во статистичката наука. Како велелентен статистичар, дал голем принодес во бројни области на статистиката и применета веројаност. Еден од многуте негови придонеси е Кокс процесот, објавен во 1955 година. Кокс процес се користи во финансиска математика каде користејки рамка, се моделираат цените на финансиските инструменти кај кои кредитен ризик е значаен фактор.

Добиени награди

уреди

Кокс има добиено бројни почесни награди. Добитник е на сребрен (1961) и златен медал (1973) на Кралското статистичко општество. ). Во 1990 освоил награда и златен медал за истражување на развојот на пропорционалниот регресионен модел. Во 2010 година бил повторно награден, но овојпат за придонеси кон теорија и алкикации на статистиката. Наградата што ја добил се доделува за исклучителни достигања во истажување во било која област на науката, уште од 1731 година. Во 2000 година станал станал почесен соработник на Британската академија.

Приватен живот

уреди

Во 1947 се оженил со Џојс Драмонд и тие имаат четири деца и две внучиња.

Дела

уреди

Дејвид Кокс, има напишано над 300 книги и трудови.

  • Планирање на експериментите ( 1958 )
  • Теорија на стохастички процеси ( 1965 ), со Хилтон Дејвид Милер
  • Анализа на бинарни податоци ( 1969 )
  • Применета статистика, принципи и примери ( 1981 )
  • Асимптотски техники за употреба во статистиката ( 1989 ), со Оле Нилсен
  • Теорија на дизајн на експерименти ( 2000 ), со Ненси Рид
  • Комплексни стохастички системи ( 2000 )
  • Компоненти на варијанса ( 2003 ), со П. Ј. Соломон
  • Принципи на применета статистика, со А. Донели

Следната книга е објавена во негова чест:

  • Трудови во чест на г-дин Дејвид Кокс на неговиот 80 роденден

Наводи

уреди
  1. http://books.google.mk/books?id=a6I9AAAAIAAJ&printsec=frontcover&source=gbs_ge_summary_r&cad=0#v=onepage&q&f=false
  2. http://en.wikipedia.org/wiki/David_Cox_(statistician)
  3. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/1790369/Sir-David-Cox
  4. http://www.eccf.ukim.edu.mk/statistika/statistika_niz_vreme/slavni_statisticari/cox_david/[мртва врска]