Филозофија на правото

Филозофија на правото е дел од филозофијата и јуриспруденцијата кој ги проучува основните прашања поврзани со правото и правните системи, како „што е правото?“, „кои се критериумите за правна валидност?“, „која е врската помеѓу правото и моралот?“ итн. Се разликуваат два вида на јуриспруденција или правна наука кои соодвествуваат со главните филозофски гледишта за правото: аналитичката и нормативната јуриспруденција.

„Главната цел на аналитичката јуриспруденција отсекогаш била да ја изнајде разликата помеѓу правото како систем од норми и другите нормативни системи, како што се етичките“.[1] Прашањето на кое најголем дел од филозофите на правото го насочуваат своето внимание е Што е правото? Неколку различни мисловни школи имаат дадено разновидни одговори: теоријата за природно право, правниот позитивизам и правниот реализам. Покрај аналитичката јуриспруденција, правната филозофија се занимава и со нормативни теории на правото. „Нормативната јуриспруденција подразбира нормативни, вредносни и обврзувачки прашања за правото.“[2] На пример, Која е целта на правото? Врз кои етички и политички теории е заснован поимот на правото? Три приоди се актуелни во современата етичка и политичка филозофија: утилитаризмот (според кој законите треба да бидат така составени што ќе создаваат најдобри последици), деонтологијата (законите требаат да ја штитат поединечната автономија, слободата и правата) и доблесните етики (законите требат да ги одразуваат доблестите на најдобрите граѓани).

Наводи

уреди
  1. „Philosophy of Law“. Internet Encyclopedia of Philosophy.
  2. „Philosophy of Law“. Internet Encyclopedia of Philosophy.