Демиен Шазел
Демиен Шазел (англиски: Damien Chazelle) — американски филмски режисер.
Демиен Шазел | |
---|---|
Шазел во 2014 година | |
Роден(а) | Демиен Сајр Шазел 19 јануари 1985 Провиденс, Род Ајленд |
Алма матер | Харвард |
Занимање | Режисер, сценарист |
Активен период | 2008 — сè уште |
Сопружник | Џасмин Мекглејд (в. 2010; раз. 2014) |
Родители | Бернард Шазел Селија Шазел |
Потпис |
Творештво
уредиШазел ја започнал кариерата во 2009 година, со нискобуџетниот филм „Гај и Медлин на клупа во паркот“ (Guy and Madeline on a Park Bench), снимен со непрофесионални глумци, а инспириран од францускиот нов бран и од раните дела на Џон Касаветес. Иако доживеал успех на повеќе фестивали, филмот останал без дистрибуција по киносалите. Во 2014 година го режирал филмот „Ритамот на лудилото“ (Whiplash) којшто бил номиниран за наградата „Оскар“ во пет категории, а освоил три „Оскари“. Две години подоцна, Шазел го снимил мјузиклот „Ла-ла ленд“, кој постигнал голем успех и освоил седум награди „Златен глобус“.[1]
Наводи
уреди- ↑ Ѓорѓи Јаневски, „La La Land (Ла Ла Ленд)“, Економија и Бизнис, година 18, број 224, февруари 2017, стр. 96-97.
Надворешни врски
уреди- Демиен Шазел на Семрежната филмска база на податоци (англиски)