Бикини (костим за капење)

Бикини е тип на дводелен женски костим за капење. Првите вакви дводелни партали се забележани на грчките атлетичарки насликани на грнчарија која датира од 1400 година п.н.е. Модерното бикини пак го создал инженерот Louis Reard во Париз во 1946 година. Двете мали парчиња облека за капење ги именувал токму по полигонот за јадрени тестови односно Атолот Бикини бидејќи мислел дека возбудата која ќе ја предизвика облеката ќе биде еднаква на експлозија на атомска бомба. Костимот на Reard е рафинирање на работата на Jacques Heim. Хеим два месеци порано го претставил Атомот кој го рекламирал како најмалиот костим за капење во светот. Во тоа време не можел да најде модел кој ќе сака да му ја носи творбата па на крајот морал да ја најми голата танчарка Micheline Bernardini од клубот Casino de Paris.

Бикини