Девња
Девња (бугарски: Девня) — град во северна Бугарија, административен центар на општината Девња во Варненската Област. Има население од околу 9.025 жители (2022).[1]
Девња Девня | |
---|---|
град | |
Музејот на Мозаикот | |
Местоположба на Девња во Бугарија | |
Координати: 43°13′4.9″N 27°33′28.87″E / 43.218028° СГШ; 27.5580194° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Варна |
Општина | Девња |
Управа | |
• Градоначалник | Свилен Шитов (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 83,62 км2 (32,29 ми2) |
Надм. вис. | 48 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 9.025 |
• Густина | 110/км2 (280/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 9160 |
Повик. бр. | +359 0519 |
Мреж. место | devnya.bg |
Географија и местоположба
уредиГрадот се наоѓа на Добринската висорамнина, во нејзиниот најисточен дел, на 22 километри западно од регионалниот центар Варна и на 18 километри североисточно од Провадија.
Градот е познат по карстните извори од кои произлегува реката Девња. Тие се најголемите карстни извори во Бугарија со вкупен проток од 3700 литри во секунда.[2] Во областа има вкупно околу 30 извори, обединети во 7 изворски групи. Сите извори се зафатени за водоснабдување на индустријата во Девња и Варна.
Историја
уредиАнтичкото име на Девња било Марцијанополис (латински: Marcianopolis; грчки: Μαρκιανούπολις). Тој бил главниот град на римската провинција Долна Мизија, основана од царот Трајан во 106 година по походите против Дакијците. Тој наводно градот го нарекол во чест на неговата сестра Марција. И покрај редовните варварски напади, Марцијанополис останал важен центар сè додека аварскиот напад конечно го уништил во 614-615 година.
Откако Словените се населиле на Балканот во 7 век, тие ги нарекле урнатините на античкиот град Девина. Мала бугарска тврдина постоела на местото во средниот век, веројатно изградена од ханот Омуртаг во 9 век и проширена на север во 10 или 11 век.
По османлиската инвазија на Балканот, тврдината била уништена и напуштена, а населбата била преместена на запад. Село по име Девне се споменува во османлиски даночен регистар од 1573 година, со други форми на името потврдени од странски и бугарски патници во 16 и 17 век, понекогаш користени за означување на блиската река.
По ослободувањето на Бугарија од османлиската власт селото се викало Девне до 1934 година, кога било заменето со формата Девња. Блиската река Девња била традиционален индустриски центар уште од османлиско време со бројни воденици кои служеле и на жителите на големата и бесводна Јужна Добруџа. На 27 август 1969 година, градот Девња бил формиран преку спојување на селата Девња, Река Девња и Повелјаново.
Економија
уредиДевња е дел од индустрискиот комплекс Варна-Девња и голем број важни капацитети за тешката индустрија се наоѓаат во или во близина на градот, што го прави центар на хемиската индустрија од национално значење.
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ „„Девненски извори – най-големите карстови извори в България"“. Посетено на 22 јули 2018. no-break space character во
|title=
во положба 18 (help)