Девичка Црква

средновековна црква во Македонија

Девичка Црквасредновековна црква во урнатини, во тврдината Девини Кули близу селото Девич во областа Порече. Не е познато на кој христијански светец бил посветен храмот.

Девичка Црква
македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Бродско
Парохија Бродска
Местоположба

Карта

Место Девич
Општина Македонски Брод
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител непознат
Изградба XIV век
Архитектонски опис

Во јужното подножје на ридот веднаш до самите карпи под ѕидините на Девини Кули, постои и голема градба на средновековна црква со купола во рушевини, околу која се наоѓаат и селските гробишта на селото Девич. Близу до последната кула, која мештаните ја нарекуваат „Занданот“ стои една црква, украсена со керамо-декорација, несомнено од 14. век[1]. До половина е урната, со делумно запазен тамбур што ја носел главната купола. За црквата која е доста забележителна според архитектонскиот стил на градба (налик на Св. Андреја и Св. Никола - Шишевски на Матка) може да се претпостави дека е изградена во 14 век, додека меѓу мештаните на Девич, постои предание дека нејзините најстари темели потекнуваат од 7 век<[2]. Црквата е прекрасно градена. Градбата на црквата е доста голема, таа е трикорабна со форма на впишан крст, кружна купола и апсида, со ѕидови високи до 4 метри. За жал, не се зачувани никакви фрески, дел од покривот е веќе срушен под дејство на атмосферските влијанија и е неопходна интервенција за зачувување на ова културно наследство. Од живописот останале минимални остатоци[1], односно е забележлив многу мал слој на остатоци од црвена боја по рабовите ѕидовите околу олтарот кон куполата.

Галерија

уреди
Внатрешност

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Микулчиќ, Иван (1996). Средновековни градови и тврдини во Македонија. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 154.
  2. Според кажување на жители од с.Девич. Забележале Марио Шаревски и Дарко Стојчески, на 20.10.2019