Девичка Река

река во Поречието, западна Македонија, мала притока на Треска

Девичка Река или Мала Рекарека во Поречието, западна Македонија, помала лева притока на Треска која ја прима спротиводно на 76,7 км од својот влив.[1] Извира на источните падини на планината Песјак на надморска височина од 1.595 м, се влева во Треска на 515 м кај селото Девич.

Девичка Река
Мала Река
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоПесјак, кај с. Грешница, Порече
 • координати41°32′51″N 21°08′25″E / 41.54750° СГШ; 21.14028° ИГД / 41.54750; 21.14028
 • надм. вис.1.595 м
Устие 
 • место
Треска, с. Девич, Порече
 • координати
41°33′07″N 21°13′44″E / 41.55194° СГШ; 21.22889° ИГД / 41.55194; 21.22889
 • надм. вис.
515 м
Должина9,1 км
Големина на сливот21,7 км2
Особености на сливот

Физички особености

уреди

Вкупната должина од изворот до вливот и изнесува 9,1 км,[1] а минималната должина е 8,0 км. Вкупниот пад помеѓу изворот и вливот е доста висок и изнесува 1.080 м а просечниот е исто така висок и изнесува 118,7. Вкупната должина на водоразделната линија и изнесува 19,5 км а сливот зафаќа 21,7 км2 или 1,1% од вкупната површина на сливот на реката Треска.[1]

Течение

уреди

Реката извира меѓу врвите Седлар и Стари Говедарник на планината Песјак, западно од с. Грешница и северозашадно од с. Требино. Тече стрмно надолу под возвишенијата Црквиште и Долно Ќафе во североисточен правец и по Свештенички Рид свртува во југоисточен правец, одминувајќи го селото Грешница на север. Потоа реката стрмно се спушта продолжува под ридот Вртешка од десната страна и меѓу него и ридот Попец свртува на север, и веднаш потоа на исток. Тука ја прима реката Уча и продолжува во рамницата на с. Девич, поминува низ селото и потоа се влева во Треска, под возвишението Камениште од североисточна страна.

Долина

уреди

Долината на Девичка Река е мошне стрмна. Во изворишниот дел е всечена во кристалести шкрилци и го пресекува појасот од плиоценски конгломерати и глини, а во долниот тек со тесни и кратки сатески се пробива низ доломитската зона.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Димитровска, Олгица (2013). „Основни хидрографски одлики на притоките на реката Треска“ (PDF). Географски разгледи. Скопје: Македонско географско друштво. 2012 (46): 37–49. ISSN 1409-908X.

41°33′07″N 21°13′44″E / 41.55194° СГШ; 21.22889° ИГД / 41.55194; 21.22889