Дебар (весник)
- За други значења видете Дебар (појаснување)
Дебар бил политичко-литературен весник. Се издавал во Софија, Бугарија од 5 јуни 1905 до 10 јуни 1906. Излегувал секоја сабота. Негов сопственик и издавач бил Иван К. Божинов. Весникот бил гласило на македонските емигранти од Дебар. Објавувал статии и материјали за состојбите во Македонија и за злосторствата на турската власт над мирното население. Излегле 36 броја. На 24 декември 1915 година бил испечатен свечен број посветен за минатото и сегашноста на Дебар.[1].
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија. I (прво. изд.). МАНУ. ISBN 978-608-203-024-1.