Дарлин Лав
Дарлин Рајт (англиски: Darlene Wright; родена на 26 јули 1941)[1] позната по нејзиното уметничко име Дарлин Лав (англиски: Darlene Love) ― американска ар-ен-би и соул-пејачка и глумица. Таа била пејачка на женската група Blossoms,[2] а подоцна имала и соло-кариера.
Дарлин Лав | |
---|---|
Дарлин Лав во 2013 на Филмскиот фестивал во Монтклер | |
Животописни податоци | |
Родено име | Дарлин Рајт |
Роден(а) | 26 јули 1941 Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Жанрови | Соул, R&B, џез, поп, рок |
Занимања | Пејачка, глумица |
Период на активност | 1959–денес |
Издавачи | Philles, OKeh, Warner/Spector |
Уште како дете пеела во месниот црковен хор. Во 1962 година, таа работела како сесиска пејачка за продуцентот Фил Спектор кој ја преименувал во Дарлин Лав.[3] Таа ги отпеала песните „He's a Rebel и „He's Sure the Boy I Love“, кои станале песни од женската група The Crystals.“[3] Наскоро станала многу барана пејачка и соработувала со многу рок и соул-легенди од 1960-тите, како: Сем Кук, Дион Ворвик, Бил Медли, Бич Бојс, Елвис Присли, Том Џонс и Сони и Шер. Како глумица, Лав настапувала во многу претстави на Бродвеј. Таа имала улога и во серискиот филм Смртоносно оружје.
Секоја година непосредно пред божиќните празници Дејвид Летерман ја канел Дарлин Лав во неговото телевизиско ток-шоу за да ја отпее песната „Christmas (Baby Please Come Home)“. Ваквите настапи започнале во 1986 година и продолжиле до 2014 година.[4] Летерман ја нарекол Лав „Божиќна кралица“. Во 2015 година таа почнала годишно да ја пее песната во The View.
Според Ролинг Стоун Лав е меѓу 100-те најдобри пејачи на сите времиња,[5] а во 2011 година таа била примена во Куќата на славата на рокенролот.[6] Лав учествува во документарниот филм награден со Оскар Дваесет стапки од славата (англиски: 20 Feet from Stardom) (2013), за кој таа добила Греми награда.[7]
Наводи
уреди- ↑ Love, Darlene; Hoerburger, Rob (1998). My Name is Love: The Darlene Love Story (1st. изд.). New York, NY: William Morrow and Co. ISBN 9780688156572. OCLC 39189821.
- ↑ „Darlene Love spreads Christmas cheer“. CBS News. December 25, 2011. Посетено на March 24, 2012.
- ↑ 3,0 3,1 Browne, David (2013-06-20). „Darlene Love: Let Love Rule“. Rolling Stone (англиски). Посетено на 2020-12-18.
- ↑ Itzkoff, Dave (December 20, 2014). „Darlene Love's Last 'Letterman' Christmas“. The New York Times.
- ↑ „100 Greatest Singers of All Time“. Rolling Stone. December 3, 2010. Архивирано од изворникот на April 29, 2012. Посетено на June 10, 2015.
- ↑ „Darlene Love: A Prominent Star, Born In The Background“. NPR. February 16, 2011. Посетено на April 14, 2012.
- ↑ „Darlene Love“. Recording Academy Grammy Awards (англиски). November 23, 2020. Посетено на 2020-12-18.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Дарлин Лав — AllMusic (англиски)
- Лав Дарлин Лав на Discogs (англиски)
- Дарлин Лав на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Дарлин Лав — Internet Broadway Database (англиски)
- Историја на рокенролот: Дарлин Лав
Оваа статија за пејач е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |