Дани Родрик
Дани Родрик (турски: Dani Rodrik; р. Истанбул, 14 август 1957 г.) — турски економист и професор на Управниот факултет Џон Ф. Кенеди на Универзитетот Харвард, каде што е професор по Меѓународна политичка економија на Фондацијата Форд. Претходно, тој бил професор на Институтот за виши студии во Принстон. Истражувањето на Родрик се сосредоточува на меѓународната економија, економскиот развој и политичката економија, особено на тоа што ги прави економските политики ефективни и зошто некои влади успеваат повеќе од други. Неговите значајни книги се „Економски правила: Силните и слабите страни на мрачната наука“ (Economic Rules: The Rights and Wrongs of the Dismal Science) и „Парадоксот на глобализацијата: Демократијата и иднината на глобалната економија“ (The Globalization Paradox: Democracy and the Future of the World Economy). Тој е и соуредник на академското списание Global Policy.[1]
Дани Родрик | |
Роден | 14 август 1957 Истанбул, Турција |
---|---|
Установа | Институт за виши студии |
Поле | меѓународна економија, економски развој, политичка економија |
Алма матер | Харвард Принстонски универзитет Роберт колеџ |
Животопис
уредиДани Родрик, роден на 14 август 1957 г., во Истанбул, Турција, добил бакалауреатски степен по уметност на Универзитетот Харвард во 1979 г., а потоа магистрирал по јавна администрација на Училиштето за јавни и меѓународни работи Вудро Вилсон на Принстонскиот универзитет во 1981 г. Докторирал по економија во Принстон во 1985 г. Родрик имал различни академски должности, вклучително помошник и вонреден професор на Управниот факултет Џон Ф. Кенеди на Универзитетот Харвард, професор по економија и меѓународни односи на Колумбискиот универзитет и професор Алберт О. Хиршман на Институтот за виши студии. Во мигов, тој е професор по Меѓународна политичка економија на Фондацијата Форд во Харвард.
Родрик е почесен член на Европската економска асоцијација, почесен член на Економската асоцијација на Латинска Америка и Карибите и новоизбран претседател на Меѓународната економска асоцијација. Тој е соработник на Националното биро за економски истражувања на САД и член на Центарот за истражување на економската политика, Лондон, Јужноафриканскиот претседателски економски советодавен совет, Американската асоцијација за унапредување на науката, Турската академија на науките и Папската академија за општествени науки, а има и бројни други должности и членства во организации.[2]
Избрани дела
уреди- Rodrik, Dani (2017). Straight Talk on Trade: Ideas for a Sane Economy. Princeton University Press. ISBN 978-0691177847.
- Rodrik, Dani (2016). „Premature Deindustrialization“. Journal of Economic Growth: 1–33.
- Rodrik, Dani (2015). Economics Rules: The Rights and Wrongs of the Dismal Science. Norton & Company, Inc. ISBN 978-0-393-24641-4.
- Rodrik, Dani (2013). „Unconditional Convergence in Manufacturing“. The Quarterly Journal of Economics: 165–204.
- Rodrik, Dani (2011). The Globalization Paradox. Norton & Company, Inc. ISBN 978-0-393-07161-0.
- Rodrik, Dani (2007). One Economics, Many Recipes. Princeton University Press. ISBN 978-0-691-12951-8.
- McMillan, Margaret; Horn, Karen; Rodrik, Dani (2004). „When Economic Reform Goes Wrong: Cashews in Mozambique“. Brookings Trade Forum 2003: 97–165.
- Rodrik, Dani, уред. (2003). In Search of Prosperity: Analytic Narratives on Economic Growth. Princeton University Press. ISBN 978-0-691-09268-3.
- Rodrik, Dani (2001). „The Global Governance of Trade As If Development Really Mattered“ (PDF). UNDP. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-12-26.
- Rodrik, Dani (1999). The New Global Economy and Developing Countries: Making Openness Work. Overseas Development Council. ISBN 978-1-56517-027-8.
- Rodrik, Dani (1997). Has Globalization Gone Too Far?. Institute for International Economics. ISBN 978-0-88132-241-5.
Наводи
уреди- ↑ „Global Policy“. Wiley Online Library (англиски). Посетено на 2024-12-20.
- ↑ „Dani Rodrik“. www.fpa.es (англиски). Посетено на 2024-12-20.
Надворешни врски
уредиПовеќе за Дани Родрик на збратимените проекти на Википедија | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Запис Q559838 во базата на Википодатоци ? |
- Страница на Дани Родрик
- Најновото истражување на Дани Родрик
- Блог на Дани Родрик
- "Roads to Prosperity" Колумна на Дани Родрик за Project Syndicate