Меѓународна политичка економија

Меѓународна политичка економија — дисциплина која ги анализира економските односи во комбинација со политичката економија. Како интердисциплинарно поле се состои од повеќе науки како политика и економија но исто така и социологија, историја и други дисциплини. Границите на меѓународната политичка економија (МПЕ) се многу флексибилни и се предмет на многу дебати.

И покрај дебати и несогласувања многу научници сметаат дека (МПЕ) најмногу ја интересира како политичките субјекти (држави,институции, поединци) ги обликуваат системите преку кој економските интеракции се искажани,и од друга страна ефектите од економските интеракции ги имаат на политичките субјекти. Политичките економисти се во центарот на дебатата и истражувањето на глобализацијата. За разлика од вообичаените меѓународни релации овде моќта се подразбира како политичка и економска коишто меѓусебе се комплексно повразни.

Потекло

уреди

Меѓународната политичка економија се појавила како пристап во меѓународните студии во 1970 година откако Нафтената криза во 1973 год и пропаѓањето на Bretton Woods системот ги предупреди академските граѓани најмногу во САД за значењето и слабоста на економските фондации во светот.Меѓународно Политичките Економисти изјавија дека поранешните студии од меѓународните односи ставиле прекумерен акцен на правото,политиката и допломатската историја.На ист начин нео класичните економисти беа обвинети дека се премногу абстрактни. Со црпење на извори од социолошката историја и економската историја МПЕ предложи соединување од економски и политички анализи. Во оваа смисла Марксистичките и либералните меѓународни економски политичари протестираат против довербата на западната социјална наука на територијална држава како единица на анализа и го нагласија меѓународниот систем.

Традиционални пристапи на меѓународната политичка економија

уреди

Академските курсеви,книги типично покриваат различни гледни точки од кои политичките препораки потекнуваат, и ќе пробуваат да овозможат идеолошко неутрално гледање на изучуваното поле.Следејќи преседан на една од основачките книги за оваа дициплина[1] , поединци и организации воведени во промовирање одредени полтики како и многу научници активни во ова поле најчесто се групирани во три гледишта кои постоеле и пред оваа дисциплина да се појави. Овие категории се либерална, реалистична и марксистичка. Либералната категорија е релативни обединете додека останатите две покриваат широк домет на мислења.

Либерален пристап

Либералниот пристап верува во приватна моќ на трошок на јавната (влада). Пазари ослободени од владината регулатива природно ќе ја хармонизираат понудата и побарувачката што ќе резултира на најдобар можен начин за популацијата.

Реалистичен Пристап

Реалистичниот пристап на прифаќа моќта на слободните пазари но смета дека оптимални услови се создаваат со силна јавна моќ која спроведува регулативи.

Марксистички пристап

Марксистичкиот пристап смета дека само голема апликација од јака јавна моќ може да проверува вродени тенденции за да може приватната моќ да профитира на трошок на голема популација.

Конструктивистички пристап

Претпоставува дека подрачјето на меѓународни интеракции не е без вредност, и дека економските и политичките идентитети се значајни економски дтерминанти.

Либерален пристап

уреди

Во економски поим лебералниот пристап се поврзува со класичната економија, неокласичната економија, Австриското школо за економија и Чикашкото економско школо.

Претпочитани политики Минимална или нула владина контрола и регулација на трговијата. Смета дека сите претпријатија кои произведуваат извозливи добра треба да се приватизираат

Историја Либералниот пристап често е повразан со работата на Адам Смит. Смит сметал дека бенефициите од конкуренцијата се поврзани со претворање на ретките ресурси во вредни добра на најефикасен начин.Тој ја спомнал невидливата рака со која механизмите на пазарот го претвораат себичното однесување на поединците на пазарот во најдобар можен резултат на пазарот.Следното големо придонесување на либералниот пристап било донесено од Рикардо,чија теорија на споредбена предност предлагала дека размената на различни нации може да донесе бенефиции на двете страни дури и во услови кад една од страните ќе мисли дека другата страна ќе добие повеќе од размената.Либералната гледна точка е генерално силна во Западната академија бидејќи таму е првпат јасно изразена од Адам Смит во 18 век. Само за време на 1940-те и почетокот на 1970-те години Кејнзијанизамот добил широка поддршка од универзитетите. Кејнизјанците биле главно се гризеле за домашната макроекономска политика, како и да е во Меѓународно Политичко Економски услови нивните гледишта се совпаѓаат со Реалистичкиот пристап каде повикувале на среден пристап помеѓу приватната и јавната сила. Кејнзијанскиот консензус бил успешно предизвикан од нападите на Friedrich Hayek од Австриската школа и Milton Friedman од Чукашката школа во раните 50десети кој до седумдсетите успеале да ги тргнат кејнзијанците од водечкото влијание. Кејновиот пристап за меѓународните односи добил понатамошно внимание за глобалната финансиска криза и рецесија од 2008 година, посебно преку работата на Доналд Марквел[2].

Во правењето на политичките услови Западните влади генерално тежнеат го измешани агенди на либералниот и реалистчкиот пристап. Ова е случајот на модерната економоја до денешен ден иако имало периоди кога едното или другото школо добивало повеќе внимание. Периодот водејќи до 1914 е опишан како златната ера на класичната економија, но во пракса владите делумно продлжиле да бидат под делумно влијание на мерканталистичката идеолигија, и после втората светска војан економската слобода била стеганата. После Втората светска војна системот на Bretton Woods бил основан, главно реалистично градење што им овозможувало на владите да управуваат со меѓународните финансии, дозволувајќи значителна слобода за акција во приватната економија. Атлантските нации од седумдесеттите и и големите Азиски држави како Кина и Индија користеле измешан пристап од либералните и реалистичките политики. Единствените кои биле блиски до целосно имплементирање на либералниот пристап се помалите нации.За време на 2008 либералното влијание почнало да слабее. Од 2008 па навака светките водачи го повикуваат ноивиот Bretton Woods систем[3] . .

Реалистичен пристап

уреди

Во меѓународната политичка економија реалистичкиот пристап до пред некое време беше нарекуван како национализам. Историски гледано најкаректеристичното школо во оваа категорија беше меркантализамот.

Претпочитани политики Историски гледано високите царини ставени на странските конкуренти сè со цел да се заштитат домашните производители. Колонисточката сила ги охрабрила размените помеѓу сопствените колонии. Привремените застапници се насочени со употреба на тарифи за да се заштитат малите индустрии во земјите во развој. Некои застапници на овој пристап дошле прилично блиску до Либералниот пристап, и договорните услови на сите слободни пазари треба да бидат одфрлени откако одредени прагови ќе бидат поминати.

Историја Мерканталистичкиот поглед на големо окарактеризиран од политките користени од државните глумци од петнаесеттиот до средината на дваесеттиот век. Суверените држави се би се натпреварувале за секој билион. Овии суми би можеле да се инвестираат во нов капитал или да би се зајакнала воената моќ на државата.

Привремениот реалистички поглед генерално се со гласува со либералите во гледањето на меѓународната размена како win / win феномен каде на фирмите треба да им биде дозволено да се цоработуваат или натпреваруваат меѓу себе во зависност од пазарите. Како главна точка во спорот со либералите е тоа што либералите тбрдат дека државните интереси се најдобро задоволени со заштита на новите домашни индустрии од странските конкуренти со високи такси сè додека не го достигнат потребниот капацитет за да можат да конкурираат на пазарот. Еден од најраните формални изрази е најден во делото на Александар Хамилтон ‘Report on Manufacturers’ кое го напишал за Американската Влада во 1971 год.

После Втората светска војна значајна приказна за развивачкиот пристап е најдена во Јужна Америка каде најголемиот дел од растот е постигнат со политиките кои потекнуваат од Raul Prebisch и економистите членки на различни влади на континентот кои тој ги обучувал. Откако либералниот поглед е повторно поставен во седумдесеттите се потврдени големи нивоа на раст.

Повремена изјава за Реалистичкиот поглед трговската стратешка теорија на која и се посветени многу дебати како дали со политиките што ги предлага може да реши некои од проблемите на глобализацијата.

Марксистички пристап

уреди

Оваа категорија беше употребувана да ги групира заедно различните пристапи кои понекогаш имаат многу малку заедничко со Маркс и неговите класи но сите веруваат во силната улога на јавната моќ. Пристапи во оваа категорија се : структуралниот, радикалниот, критичниот, феминистичкиот , светските системи и др. Генерално Марксистичкиот пристап е повразан со Хетеродоксните економисти.

Претпочитани политики Генерално претпочита силна заштита од пазарните сили со вискои такси и други контролни политики.

Историја Марксовиот Das Kapital беше објавен во 1867 и економскиот систем заснован на неговите идеи беше имплементиран после Октомвиската револуција во 1917 г. Од колапсот на Советскиот Сојуз и COMECON тргосвскиот блок во 1991 год ни една значајна трговска група или голема економија не е водена по стапките на Маркс. Проблемите со Марксистичката економија се видени како ги вклучуваат големите информациски барања кои се потребни за ефикасна алокација на ресурсите на висок степен на јавна моќ за водење на процесот. Неколку Академици моментално го промовираат класичниот Марксистички поглед посебно во Америка. Социјалниот-конструктивистички поглед е необичен поглед понекогаш групиран во оваа категорија. Наместо фокусирање на традиционалните фактори кои влијаат на размената како дистринуција на ресурси, технологија и инфраструктура, ја нагласува улогата на дијалог и дебата во одредување на идните развивања во меѓународната размена и глобализација.

Критики од традиционалниот поделени во либералниот, реалистичниот и марксистичкиот поглед

уреди

Критичарите[4] денес трврдат дека има премногу варијации во различните гледни точки групирани во една категорија, посебно тие под Реалистичките и Марксистичките наслови. Исто така имињата можат да бидат размебери погрешно од широката публика. Насловите националистички и Марксистички имаат негативни конотации, со многу ор перспективите групирани под Марксистичкиот наслов всушност имаат многу малце со Марксистичката позиција. Многу од бранителите во националните традиции се спротивставуваат остро на национализамот..

Конструктивистички пристап

уреди

Конструктивистичкиот пристап е едно од полињата што надоаѓа во меѓународната политичка економија , и не многу работи се завршени во оваа област. Генерално Конструктивистичкиот пристап предлага материјалистичките интереси кои се централни во Либералниот, Реалистичкиот и Марксистичкиот поглед не се доволни да ги објаснат економските интеракции и политики, и дека економските и политичките идентитети се значајни детерминанти на економската акција. Работата на Jalal Alamgir е пример за конструктивистички апликации во политичката економија.

Познати меѓународни политички економисти

уреди

Robert Shiller Robert Gilpin John Ravenhill David N. Balaam Jonathan Bateman Robert Bates Jeffrey Warren Bennett Jagdish Bhagwati Mark Blyth Robert Brenner Benjamin Cohen Theodore Cohn Robert W. Cox Barry Eichengreen Peter B. Evans Jeffry Frieden Francis Fukuyama Geoffrey Garrett Gary Gereffi Stephen Gill Peter A. Hall Peter J. Katzenstein David A. Lake Donald Markwell Matthias Matthijs Helen Milner Jonathan Nitzan Thomas Oatley Ronen Palan Louis Pauly Robert Putnam and his two-level game theory Ronald Rogowski John Ruggie Beth Simmons Susan Strange Kees Van Der Pijl Michael Veseth Immanuel Wallerstein Matthew Watson Ellen Meiksins Wood Ngaire Woods Stephen D. Krasner

Литература

уреди
  • [www.wikipedia.org]
  • [Cohen, Benjamin (2008). International Political Economy: An Intellectual History. Princeton, NJ: Princeton University Press. ISBN 978-0-691-13569-4.]
  • [Gill, Stephen (1988). Global Political Economy: perspectives, problems and policies. New York: Harvester. ISBN 0-7450-0265-X.]
  • [Gilpin, Robert (2001). Global Political Economy: Understanding the International Economic Order. Princeton, NJ: Princeton University Press. ISBN 0-691-08677-X.]
  • [Ravenhill, John (2005). Global Political Economy. Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-926584-4.]

Наводи

уреди
  1. Gilpins ,Robert (1987) The Political Economy of International Relations
  2. Donald Markwell, John Maynard Keynes and International Relations, Oxford University Press, 2006. Donald Markwell, Keynes and International Economic and Political Relations, Trinity Paper 33, Trinity College, University of Melbourne, 2009. [1] Архивирано на 6 март 2011 г.
  3. „European call for 'Bretton Woods II'. Financial Times]]. 2008-10-16. Посетено на 2009-03-17. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  4. John Ravenhill, 'Global Political Economy'

Надворешни врски

уреди