Данил Граорковски - Галичанчето
Данил Граорковски - Галичанчето (18 мај 1925 во Галичник, Македонија — 1944 во Прилеп, Македонија)— македонски партизан, учесник во НОВ.[1]
Данил Граорковски - Галичанчето | ||
Роден | 18 мај, 1925 година Галичник, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 1944 година Прилеп, Македонија | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиОсновно училиште завршил во родното село. Потоа заминал на печалба во Белград каде останал до 6 април 1941 година. По капитулацијата на бивша Југославија се вратил во Скопје и работел како млекарски и угостителски работник.
Пролетта 1944 година бил примен за член на СКОЈ. Како скоевец зел активно учество во НОВ и ПОЈ. Тој се приклучил на 11 македонска ударна бригада и бил распределен во II баталјон. Учествувал во сите акции на Бригадата, особено во борбите за ослободувањето на Прилеп, каде загинал во директна борба со германски единици.