Дане Петковски (Брусник, Битола, 25 декември 1922 - Белград, 2005) — учесник во Народноослободителната борба и генерал-полковник на ЈНА.

Дане Петковски
Роден 25 декември 1922
Брусник, Кралство СХС денеc Македонија
Починал 2005
Белград, Србија
Занимање генерал-полковник

Животопис

уреди

Петковски е роден на 25 декември 1922 година во битолското село Брусник. Се приклучил на Народноослободителното движење во 1941 година. За време на војната бил заменик политички комесар на баталјон и бригада и политички комесар на дивизија. Станал член на Комунистичката партија на Југославија во 1943 година.

По војната бил командант на дивизија и воено подрачје, началник на управа во Сојузниот секретаријат за народна одбрана и помошник сојузен секретар за национална одбрана.

Завршил Виша партиска школа „Ѓуро Ѓаковиќ“, Виша воена академија и Воената школа на ЈНА.

За член на ЦК на СКЈ бил биран од Осмиот до Единаесеттиот конгрес на СКЈ .

Починал во 2005 година во Белград.

Носител е на Партизанска споменица од 1941 година. и повеќе југословенски одликувања.

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди