Далелвен
(Пренасочено од Дал (река))
Далелвен (швед. Dalälven = „Далска Река“) е река во средна Шведска која тече од северот на покраината Даларна и се влева во морето во северниот дел на Упланд. Се смета за јужна граница на крајот Норланд. Северното течение е радвоено на два дела: Естердалелвен и Вестердалелвен (источно и западно). Двете реки се среќаваат кај местото Јурос.
Далелвен | |
Dalälven | |
Река | |
Поглед на Далелвен
| |
Земја | Шведска |
---|---|
Утока | Ботниски Залив |
- височина | 0 м |
- координати | 60°38′30″N 17°27′00″E / 60.64167° СГШ; 17.45000° ИГД |
Должина | 520 км [1] |
Слив | 28.953,8 км2 [2] |
Истек | |
- просечен | 379 м3/с [1] |
Местоположбата на Далелвен
|
Реката е долга над 520 км и со тоа е втора по должина во земјата. Има хидроенергетски потенцијал од 1420 мегавати, кој 2⁄3 е искористен. Најголема електрана е Тренгслет. Во историјата Далелвен била значаен воден пат за сплавен сообраќај.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Далелвен“. Национална енциклопедија на Шведска. Посетено на 11 јули 2010. (бара претплата) (шведски)
- ↑ „Окружни и главни сливни подрачја во Шведска“ (PDF). Хидрометеоролошки институт на Шведска. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-09-28. Посетено на 11 јули 2010. (шведски)