Далај-лама

(Пренасочено од Далај-лами)

Далај-лама[1] — врховен поглавар на тибетските будисти, што го сметаат за бог на земјата, а не само божји намесник. Оваа традиција потекнува од 1391. Ламаистите веруваат дека далај-ламата е бесмртен, дека му старее само телото и, кога тоа ќе умре, неговиот дух поминува во некое момче што е однапред определено за наследник на покојниот лама; додека да порасне тоа дете, врховната власт ја врши панчен-лама или таши-лама.

Во табелата во продолжение е направен преглед на сите далај-лами.

Име Слика Живеел Владеење На тибетски звучи
1. Гендун Друп 1391–1474 нема Гедун Чуб
2. Гендун Ѓацо 1475–1541 нема Гедун Ѓацо
3. Сонам Ѓацо 1543–1588 1578–1588 Сојнам Ѓацо
4. Јонтен Ѓацо 1589–1616 1601-1616 Јоиндаин Ѓацо
5. Лозанг Ѓацо 1617–1682 1642–1682 Лобзанг Ѓацо
6. Цангјанг Ѓацо 1683–1706 1697–1706 Цангјанг Ѓацо
7. Келзанг Ѓацо 1708–1757 1751–1757 Гаизнг Ѓацо
8. Џамфел Ѓацо 1758–1804 1786–1804 Ќамбе Ѓацо
9. Лунгток Ѓацо 1806–1815 (1808–1815) Лунгдог Ѓацо
10. Цултрим Ѓацо 1816–1837 ?-1837 Цучим Ѓацо
11. Кедруп Ѓацо 1838–1856 1844–1856 Каичиб Ѓацо
12. Тринли Ѓацо 1857–1875 11 март 1873-1875 ? Чинлаи Ѓацо
13. Тубтен Ѓацо 1879–1933 1895–1933 Тубдаин Ѓацо
14. Тенцин Ѓацо 1935 1950
(во прогонство)
Даинзин Ѓацо

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „далај-лама“ — Лексикон на македонскиот јазик