Давид Јосип Наваро ( 1926 во Скопје1945 во Илинци, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

По завршеното основно училиште продолжил во средно училиште, но поради војната го прекратил натамошното образование. Како Евреин, ја доживеал судбината на бројни понижувачки мерки, прогони и ограбувања. На 11 март 1943 година бил затворен во времениот логор - скопскиот монопол. Една случајност го спасила да не биде депортиран во злогласните концентрациони логори на смртта и да не заврши во еднa од гасните комори и крематориуми. Како шпански државјанин бил пуштен од логорот. Потоа се криел од бугарската фашистичка полиција, чекајќи погодна врска да замине во партизани. Кога XV корпус се приготвувал да замине за Срем, се јавил во Штабот и побарал да биде примен во некоја единица. Бил распореден во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Така, на 12 април 1945 година учествувал во големиот пробив на Сремскиот фронт, кај Шид-Товарник. Меѓу првите јуришал на германските бункери. Храбро загинал кај Илинци, во првите денови на офанзивата.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 109. На |first= му недостасува |last= (help)