Густав (крокодил)
Густав е огромен нилски крокодил кој живее во Бурунди. Се проценува дека е долг одприлика 7 метри и дека тежи околу 1,3 тона. Овој крокодил се смета за најголемиот крокодил кој е виден во Африка[1]. Густав е озлогласен човекојаден крокодил, за кој се зборува дека има 300 жртви, најчесто од бреговите на реката Рузизи и северните брегови на езерото Тангањика. Иако оваа бројка се смета за преувеличена, Густав се има здобиено со речиси митски статус кај месното население. Постојат тврдења дека Густав ги лови жртвите, а потоа ги остава телата не изедени[1].
Густав | |
---|---|
Вид | Crocodylus niloticus |
Пол | Машки |
Познато по | има убиено преку 300 луѓе |
Тежина | 2,000 lb (900 kg) |
Густав го добил името од Патрис Фаје (Patrice Faye), француски граѓанин на Бурунди кој се сметал себе за природонаучник и кој бил во потрага по Густав од 1998 година. Фаје и неговиот тим пробале да го фатат овој крокодил во 2002 година, поставувајќи огромна замка, но крокодилот не само што ја избегнал туку изгледало и како да се подсмева на тимот[2]. Овој обид за фаќање на Густав е опфатен во документарецот наречен „Фаќајќи го крокодилот убиец“ (Capturing the Killer Croc) кој бил емитуван на PBS во мај 2004 година[3].
Според неговата големина, се проценува дека Густав е стар најмалку 100 години (просечна старост на нилски крокодил е 45 години), но според отисокот од забите неговата старост се проценува на 65 години. Последен пат бил забележан во февруари 2008 година од извори на National Geographic[1]. Познат е по неколкуте впечатливи лузни од куршуми : една на неговата глава и 3 на десната страна од телото.
Во делови на Азија и Австралија постојат 6 метарски морски крокодили (Crocodylus porosus) кои се лесно забележливи, а исто така се пријавени и единки со должина од 7 метри. Во источна Индија, Гинисовата книга на рекорди го потврдила постоењето на единка долга 7 метри. Според ова, Густав не е со исклучителна должина споредено со останатите крокодили, но е многу поголем од просечниот нилски крокодил.
Поради неговата колосална големина тој е речиси неспособен да лови мал плен како мали цицачи и риби, па затоа напаѓа голем плен како диви свињи, луѓе и зебри. Според еден чувар, Густав убил и изел возрасен нилски коњ[4], кој вообичаено е способен да преполови помал крокодил.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 McRae, Michael (2005). „Gustave: Have You Seen This Crocodile?“. National Geographic Adventure]]. Архивирано од изворникот на 2007-01-15. Посетено на 2009-02-02.
Updated on 2007-01-08, 2007-04-19, and 2008-01-05
Не се допушта закосување или задебелување во:|publisher=
(help) - ↑ Nkurunziza, Christophe (29 ноември 2002). „Burundi's not so gentle giant“. BBC. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „PBS Previews Newsletter: Capturing the Killer Croc“. PBS. May 12, 2004. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „The Giant Crocodile of Burundi (Gustav)“. YouTube. April 17, 2007.
Проверете ги датумските вредности во:
Excerpt from a documentary that apparently aired just before the live finale of Make Me a Supermodel|date=
(help).
Надворешни врски
уреди- (француски) Le crocodile géant d’Afrique Архивирано на 7 февруари 2009 г. (Dinosoria Архивирано на 23 февруари 2011 г.) ;
- (француски) Gustave : le crocodile tueur du Burundi (Afrik.com).
- (англиски) Gustave: Have You Seen This Crocodile? Архивирано на 15 јануари 2007 г. (National Geographic) ;
- (англиски) Burundi's not so gentle giant (BBC News) ;
- (англиски) PBS Previews Newsletter ;
- (англиски) Gustave is Back! Архивирано на 15 јануари 2007 г. (National Geographic) ;
Поврзано
уреди- Нилски крокодил
- Крокодиловидни
- Прајмвал - филм снимен за крокодилот Густав