Селиште (Гевгелиско)

поранешно село во Гевгелиско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Гуршет)

Селиште или Гуршет — поранешно село во Гевгелиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија, Централна Македонија, Грција.

Селиште
Селиште is located in Грција
Селиште
Селиште
Местоположба во областа
Селиште во рамките на Пајонија (општина)
Селиште
Местоположба на Селиште во општината Пајонија и областа Централна Македонија
Координати: 41°7.51′N 22°21.45′E / 41.12517° СГШ; 22.35750° ИГД / 41.12517; 22.35750
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
ОпштинаПајонија
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало северно од с. Љумница, на место на самата денешна граница со Р Македонија, југоисточно од селото Ума преку границата.[1]

Историја

уреди

Ова мало македонско село се распаднало на почетокот на XIX век поради чести напади од разбојнички банди сочинети од турски и албански дезертери од турската војска, месно познати како „тумбулеци“. Оваа судбина ги снашло и другите околни ридско-планински села. Неговите жители се преселиле во Љумница, а нивните потомци и денес имаат имоти во некогашниот атар на Селиште. Имаат посебни гробишта, одвоени од другите, веројатно бидејќи нивните предци се Македонци, а околните жители се Власи.[1]

Топонимите „Селишта“ и „Горшет“ опостојуваат и денес. Првото е во атарот на Ума, а второто е месност на која стои гранична пирамида.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 58. ISBN 9989-9819-6-5.
  2. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“