Гуменџиска Река
река во Ениџевардарско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Гуменџенска Река)
Гуменџиска Река или Бозечка Река (грчки: Πλατανόρεμα, Платанорема) — река во Ениџевардарско, Егејска Македонија.[1]
Гуменџиска Река Πλατανόρεμα | |
---|---|
Местоположба | |
Земји | Грција |
Крај | Ениџевардарско, Егејска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Пајак |
• координати | 40°57′01″N 22°23′20″E / 40.9504° СГШ; 22.3888° ИГД |
Устие | |
• место | Вардар кај Бозец (посредно) |
• координати | 40°48′30″N 22°37′15″E / 40.8083° СГШ; 22.6207° ИГД |
Особености на сливот | |
Реката извира во источниот дел на планината Пајак, југозападно од селото Крива. Тече на исток, минува јужно од Крива и излегува од планината во Солунското Поле. Проаѓа јужно од градот Гуменџе, а потоа свртува на југ и ја прима големата десна притока Цикарица. Кај Ангелова Чука ја прима и притоката Сука. Минува источно од Либаово и почнува да тече на југоисток, напоредно на реката Леска. Поминува југозападно од Кушиново и Кониково. Кај Бозец, каде на грчки се нарекува Атира, се приклучува во мрежата на напојни канали во Солунското Поле, и поради тоа повеќе не се влева непосредно во Вардар како некогаш.[2]
Притоки
уреди→ лева, ← десна
- ← Цикарица
- → Пицика
- ← Цикарица
- ← Сука
- → Казан
- → Вирот
- → Три Извора
- → Коџа Дере
- → Кавакдезме
- → Кацика
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Шалдевъ, Христо (1930). „Областьта Боймия в Югозападна Македония“ (PDF). Македонски прегледъ. София: Издава Македонскиятъ наученъ институтъ. VI (1): 52.
- ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“