Гроздовица

(Пренасочено од Гроздова ракија)

Гроздовица[1], гроздова ракија или лозова ракија – вид ракија која се добива со дестилација на превриен клук на свежо грозје.[2] Тоа значи дека по гмечењето на грозјето не се одвојува вино. Две недели по завршувањето на тивкото превривање клукот се подвргнува на дестилација. Дестилацијата се врши на умерен оган. Од 100 килограми суровина се добиваат околу 15 литри гроздовица со јачина од 50 % алкохол.

Гроздовица
Гроздовица од Тиквеш
Алкохол по волумен35–55%
Состојкигрозје
Варијанти
  • бела
  • жолта

Содржина на гроздовицата[2]

уреди

Гроздовицата содржи:

  • стварен алкохол од 35 до 55 волумни %;
  • екстракт до 6 грама на литар;
  • вкупни киселини, изразени како оцетна киселина од 200 до 1.000 милиграми на литар апсолутен алкохол;
  • естри, како етил естер оцетна киселина, од 1.000 до 5.000 милиграми на литар апсолутен алкохол;
  • метил алкохол од 0,15 до 1,50 волумни % сметано на апсолутен алкохол;
  • виши алкохоли од 1.500 до 5.500 милиграми на литар апсолутен алкохол;
  • алдехиди, од 50 до 500 милиграми на литар на апсолутен алкохол;
  • фурфурол до 30 милиграми на литар апсолутен алкохол;
  • издашност најмалку 1 :650.

Технологија на производство

уреди

Технологијата за производство на гроздовица опфаќа:

  • берба на грозјето
  • гмечење на грозјето
  • превривање на клукот
  • дестилација на превриениот клук
  • одлежување и формирање гроздовица

Начин на добивање

уреди
 
Варење ракија во подвижен казан

Гроздовицата се добива со дестилација на превриен клук (шира и комина) од грозје, при што нема одвојување ниту шира, ниту вино по превривањето на клукот. Крајот на вриењето се утврдува со ексолов широмер. Се зема дел од клукот и течноста се тура во мензура, па во неа се става широмерот. Доколку ферментацијата е целосна, широметарот ќе покаже вредност околу 0. Доколку покажува вредности од 15 до 20 ексолови степени, значи дека клукот сè уште содржи шеќер , па треба да се причека ферментацијата да биде целосна.

Наводи

уреди
  1. „гроздовица“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. 2,0 2,1 „ПРАВИЛНИК ЗА РЕОНИЗАЦИЈА НА ЛОЗАРСКИТЕ ПОДРАЧЈА, ЗА УСЛОВИТЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО И ПРОМЕТ НА ГРОЗЈЕ, ШИРА, ВИНО И НА ПРОИЗВОДИТЕ ОД ГРОЗЈЕ И ВИНО, ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ И ЗАШТИТА НА ГЕОГРАФСКОТО ПОТЕКЛО НА ВИНАТА И НИВНОТО ОЗНАЧУВАЊЕ ВО СР МАКЕДОНИЈА“ (PDF). Службен весник на СРМ. 12: 232. 1980. Посетено на 2019-06-25.