Комина
Комина (често комиње) или џибра[1] — остаток од овошјето, обично од грозје по гмечењето, кој се остава да ферментира по што се точи вино, се вари ракија и сл.[2]. Комињето се добива од добро узреани плодови кои се гмечат и се ставаат во садови каде ферментираат во одреден период. Садовите каде ферментираат плодовите треба да бидат од материјал кој не реагира на плодовите киселини.
Комиње од шардоне после пресувањето
Коминарката, ракија која се добива од гроздово комиње, го добила името според комината.
По дестилацијата комината претставува отпад кој може да се искористи како органско ѓубриво[3] или како влезна суровина во алтернативни извори на енергија.[4]
Комина во македонските поговоркиУреди
- Здравје и топол сомун, и од комиње вода.[5]
НаводиУреди
- ↑ „џибра“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „комина“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ ИНТЕГРИРАНО СПРЕЧУВАЊЕ И КОНТРОЛА НА ЗАГАДУВАЊЕТО општина Гевгелија
- ↑ Вински и органски отпад – енергетски потенцијал за добивање електрична енергија во Тиквешијата на семрежното место на БанкоМетар
- ↑ Македонски пословици Архивирано на 1 август 2020 г. на семрежното место на Пелистер