Гробишта (Вранинци)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Гробишта

Карта

Местоположба 41°57′38″N 22°26′17″E / 41.96056° СГШ; 22.43806° ИГД / 41.96056; 22.43806
Основни податоци
Место Вранинци
Општина Кочани
Тип

 населба  некропола  црква

Период доцноантичко време
старохристијанско време
Портал „Археологија“

Гробиштаархеолошко наоѓалиште во кочанското село Вранинци. Претставува населба и некропола од Доцната антика и старохристијанска црква. Во непосредната близина на маалото Чучкарци, на пространа тераса со димензии од 200 × 100 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди, а биле најдени и неколку монети од IV век. Во средишниот дел на наоѓалиштето се гледаат темели од старохристијанска црква околу која има повеќе гробови. Дел од монетите се чуваат кај жител од Кочани.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 174. ISBN 9989649286.