Грамаѓе (Грнчиште)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Грамаѓе

Карта

Местоположба 41°39′02″N 21°48′01″E / 41.65056° СГШ; 21.80028° ИГД / 41.65056; 21.80028
Основни податоци
Место Грнчиште
Општина Градско
Тип

 населба


Период римско време
Портал „Археологија“

Грамаѓе археолошко наоѓалиште во велешкото село Грнчиште, Општина Градско.

Претставува населба од римско време.

Во непосредната близина на селото, на левиот брег на селската река, на површина од околу 2,5 хектара се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси, мермерна архитектонска пластика и градежен материјал. Откриени се и повеќе питоси што се чуваат во селото, надгробна стела која е однесена во Велес, како и една монета која се чува во Музејот на Македонија во Скопје.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 75, ISBN 9789989101069