Граматиката на кинескиот јазик — тука на стандардниот мандарински — дели слични граматички особености со многу јазични варијанти или дијалекти на кинескиот јазик, различни од оние кај други јазични семејства, и споредливи со сличностите кои ги наоѓаме, на пример, кај словенските или семитските јазици. Освен генетската сличност со синотибетските јазици на кои им припаѓа кинескиот, постојат и големи сличности со источноазискиот јазичен сојуз, група директно несродни јазици со меѓусебно влијание, во кој спаѓаат јапонскиот и корејскиот.

中文語法/中文语法 Џунгвен јифа (кинеска граматика)

Клучна одлика на кинеската граматика е тоа што сите зборови имаат само по една граматичка форма, бидејќи јазикот нема коњугации, деклинации и друга флексија (со мали исклучоци). Кинескиот не разликува број кај именките и време кај глаголите, туку тие идеи се изразуваат по пат на збороред или честички.

Без флексија, кинеската граматика можеби изгледа прилично проста во споредба со многу од високофлексивните индоевропски јазици. Меѓутоа кинескиот се одликува со мошне сложена синтакса. Кинескиот е аналитички јазик (или изолирачки јазик). Аналитички јазик е јазик во кој синтаксата и значењето претежно се изразуваат по пат на честички и збороред наместо со флексија. Разликувањето на честичките во кинескиот може да биде тешко за странците.

Темоистакнатост

уреди

Кинескиот се смета за темоистакнат јазик, каде темата на реченицата (првичната информација на која се заснова реченицата) ужива првенство. На пример, следниве реченици не се го следат правилото за предност на подметот, но сосема одговара на темокоментарниот состав (традиционални знаци во загради):

  • 院子(јуенѕе)(ли) 停着(тингџе) (ји) (љанг) (че)。 [院子裏停著一輛車。]
    Во дворот е паркиран автомобил. (Автомобилот е паркиран во дворот.)
  • 今天(ѓинтјен) (па) (шан)明天(мингтјен) (лу) (јинг)。 [今天爬山,明天野營。]
    Денес искачување планини, утре логорување надвор. Ова е пример за заменкоиспупштачка реченица. Подметот во реченицата се одредува од контекстот.
  • (јоу) (јунг) (во) (цуеј) (на) (шоу)
    Пливање јас сум најдобар (споредено со други активности како трчање). (Јас сум најдобар во пливање)

Реченицата во мандаринскиот го има составот „подмет-прирок-предмет“, бидејќи глаголот стои пред, а не по предметот кај простите реченици, но мандаринскиот има и многу одлики на „подмет-предмет-прирок“ како турскиот. Ова најдобро се гледа по зборовниот ред, каде придавките и прилозите стојат пред главниот (опишан) збор, како кај јазиците од вториот тип, а не по него, како кај јазиците со првоспоменатиот облик. Така

  • Предлошките изрази стојат пред глаголот
  • Генитивните конструции стојат пред главната именка
  • Односните реченици стојат пред главната именка
  • Придавките стојат пред именките
  • При споредбените придавки, стандардот на споредба стои пред придавката

Покрај ова, кинескиот во многу конструкции користи постпозиции наместо претпозиции, на пример:

  • (џуо)(ѕе)(шанг)
    „маса-на“ = на масата
  • (фанг)(ѕе)(ли)(мјен) [房子裏面]
    „куќа-внатре“ = внатре (во) куќата

Мандаринскиот исто така обликува придавни изрази наместо зависност кај речениците, на пример:

  • (беј)(во)(ќи)(гуо)(де)(ма) [被我騎過的馬]
    „од мене јаван коњ“ = коњот што го јавав
  • (геј)(жен)(фан)(нао)(де)(ши)(ќинг) [給人煩惱的事情]
    „дава-луѓе-грижачка работа“ или „за луѓе загрижувачка работа“ = работа што загрижува луѓе

Покрај ова, глаголските изрази доаѓаат на крај на реченицата ако предметот или идиректниот предмет е „обележан“. На пример, постојат два типа на акузативи во мандаринскиот. Акузативот I е почестиот. Акузативот II значи промена на состојбата кај предметот, и дава посилен смисол на дејствие врз предметот, и се обележува со претставката 把 ба и со поместување на глаголскиот израз на крајот на реченицата.

  • (во)(да)(по)(ле)(пан)(ѕе)。 [我打破了盤子。]
    Јас ја скршив чинијата. (Акузатив I), наспроти
  • (во)(ба)(пан)(ѕе)(да)(по)(ле)。[我把盤子打破了。]
    Јас (акуз.)-чинија скрши (и веќе не е цела). (Акузатив II)
  • (во)(да)(ле)(ји)(ге)(дјен)(хуа)。 [我打了一個電話。]
    Јас удрив телефон (Се јавив по телефон). (Акузатив I), наспроти
  • (во)(ба)(та)(да)(ле)(ји)(дун)。 [我把他打了一頓。]
    Јас него натепување. (Акузатив II)

На тој начин, речениците со индиректен предмет обележани со дативното 給/给 геј– или речениците со пасивна конструкција (каде предметот има претставка 被 беј–) следат ППГ збороред:

  • (бу)(јао)(геј)(во)(пај)(ма)(пи)。 [不要給我拍馬屁。]
    Немој (дат.)-мене ласка (Не ми ласкај).
  • (та)(беј)(во)(да)(ле)(ји)(дун)。 [他被我打了一頓。]
    Тој од мене натепан (Тој беше натепан од мене).

Глаголски видови

уреди

Глаголскиот вид е граматичко средство кое ни кажува за временскиот тек на јазикот. Кинескиот има уникатен комплет видови: на пример, постојат два свршени вида, 了 (-ле) и 過/过 (-гуо) со суптилна разлика во значењето.

  • ле (свршен)
    • (во) (данг) (ле) (бинг)。 [我當了兵。]
      Јас станав војник (и сѐ уште сум).
    • (та) (кан) (ле) (сан) (чанг) (чиу) (сај)。 [他看了三場球賽。]
      Тој гледал три натпревари со топка (и веројатно ќе гледа и други некогаш понатаму; често се користи во временски-разграничен контекст како „денес“ или „минатата недела“).
  • гуо (искуствено свршен)
  1. (во) (данг) (гуо) (бинг)。 [我當過兵。]
    Сум бил војник (но повеќе не сум).
  2. (та) (кан) (гуо) (сан) (чанг) (чиу) (сај)。 [他看過三場球賽。]
    Тој има гледано три натпревари со топка (и тоа се сите кои ги има гледано; во контекст на дејствија како „гледа“ или „учествува“, кои се лесно повторливи, ова не ја има истата аконотација како првата употреба, туку само укажува на тоа дека дејствието се случило во минатото и ја опишува ситуацијата до сега).

Двата несвршени вида, 正在 (ченгцај-) и 著/着 (-џе) исто така се разликуваат во нијанси:

  • џенгцај/цај (динамички)
    • (во) (џенг) (цај) (гуа) (хуа)。 [我正在掛畫。]
      Јас закачувам слики. („зкачувам“ е непрекинато динамичко дејствие)
  • џе (статичен)
    • (чианг) (шанг) (гуа) (џе) (ји) (фу) (гуа)。 [牆上掛著一幅畫。]
      На слика закачување на ѕид. („закачување“ е постојана моментална состојба.)

Со други зборови, ако има смисла реченицата да се постави како „во сред“, тогаш веројатно е потребен џенгцај; во друг случај, џе. Така, „Јас сум [во сред] закачување на слики“ е џенгцај, но „На слика [во сред] закачување на ѕид“ е џе.

  • Удвојувањето се користи за правење на разграничен вид — дејствие кое малку продолжува:
    • (во) (дао) (гонг) (јуен) (цоу) (цоу)。 [我到公園走走。]
      Јас одам на прошетка во парк.

Оваа реченица може да се изрази и со 走一走 цоу ји цоу, што значи една иста работа, и може да се преведе како „одам малку одење“.

Глаголски начин

уреди

Друга категорија граматички средства уникатна за кинескиот се модалните честички, кои се користат за изразување на начин, или за односот на еден исказ со реалноста и/или намерите. Од нив најважни се:

  • Ле (зачетен)
    • (во) (меј) (јоу) (чен) (ле)。 [我沒有錢了。]
      Отсега, јас немам пари. (шворц сум)
  • Не (претстоен) — често координира со 還/还 хај (сè уште)
    • (та) (хај) (меј) (јоу) (хуј) (ѓа) (не)。 [他還沒有回家呢。]
      Тој сѐ уште се нема вратено дома. (Нема промена на старата ситуација)

Свршеното ле и зачетното ле се два различни збора. Кинескиот јазичар Џао Јуенжен вели дека тие имаат потекло од сосема различни зборови.[1] Фактот што денеска тие се пишуваат исто може да биде збунувачки. Погледајте ја следнава реченица:

(ма) (ма) (лај) (ле) (!) [媽媽來了!]

Одбележувачот на глаголски вид ле доаѓа по преоден или непреоден глагол. Модалната честички ле доаѓа на крајот на реченицата и ја води сета реченица. Кога еден непреоден глагол доаѓа на крајот на реченицата, единствениот начин да се одреди дали ле на крајот од реченицата е свршен или зачетен е да се погледа на општествениот контекст. Горенаведенава реченица има две различни значења. Во еден случај, на пример, некој оддалеку зборува со мајка си на телефон и сака да ја убеди да дојде кај него на прослава. Тој го спушта телефонот и вели: „Мама (јао) лајј ле!“ Ова би значело дека мајката пред тоа не сакала да дојде, но сега се предомислила и ќе доаѓа. Меѓутоа ако некој затропа на влезната врата и тој што отвора извика: „Мāма лáи ле!“, тоа би значело дека таа дошла.

Сериска конструкција на глаголи

уреди

Сериската конструкција на глаголи е основна одлика на кинеската граматика, каде два или повеќе глагола заедно. Ова се среќава при: двојни (комплементарни) глаголи, кое се јавува по главниот глагол, и коглаголи, кои се јавуваат пред главниот глагол. Ваквото составување на комплементарни глаголи го наоѓаме и во турскиот јазик (на пр. gitmek, vermek, и olarak) и два други поголеми јазици во североисточна Азија, јапонскиот и корејскиот јазик (Граматика на јапонскиот јазик; Граматика на корејскиот јазик).

Двојни глаголи

уреди

Кинеските реченици во голема мера се занимаваат со исходот и насоката на глаголот, каде што тоа е применливо. Заради ова, кинескиот има развиено моќна граматичка машинерија која овозможува образување на реченици со двојни глаголи.

Ова се прави така што кон активниот глагол во реченицата му се придодава (суфиксира) втор (комплементарен) глагол кој укажува на исходот од првото дејствие, или пак насоката каде тој отишол. Во вакви случаи укажувањето на овој начин е задолжително.

Исходен комплемент

уреди

Исходниот комплемент има две варијанти: една го искажива апсолутниот исход, додека другата го искажува можниот или веројатниот исход. На пример, глаголот 听 [聽] тинг, „слуша“) би бил активен глагол, а 懂 (дунг, „сфаќа“, „знае“) би бил исходен комплемент.

  • (тинг) (дунг) [聽懂]
    Сфаќа (нешто што слуша)
    Позитивен апсолутен исходен комплемент
  • (меј) (тинг) (дунг) [沒聽懂]
    Не сфаќа (тоа што го слуша)
    Негативен апсолутен исходен комплемент
    Треба да се спомене дека присуството на апсолутен исходен комплемент му наложува на активниот глагол свршен вид, и зборување за апсолутниот исход на несвршено дејствие би било бесмислено — затоа се користи 没 [沒] (меј) за негирање на глаголот.
  • (тинг) (де) (дунг) [聽得懂]
    Може да сфати (нешто што слуша)
    Позитивен можен исходен комплемент
    Оваа форма е еквивалентна по значење со 能听懂 [能聽懂]
  • (тинг) (бу) (дунг) [聽不懂]
    Не може да сфати (нешто што слуша)
    Негативен можен исходен комплемент
    Треба да се спомене дека во оваа конструкција се негира исход, а не активниот глагол, и дека тукаа треба да се употреби 不 (бу), а не 没 [沒] (меј) заради исходното дејствие, бидејќи е само можност, па така не може да биде свршена состојба.

Исходниот комплемент е многу моќна конструкција, и се користи често. Изразите како 饿死了 [餓死了] (е се ле, буквално: веќе гладен до смрт, со значење „гладувам“) и 气死了 [氣死了] (чи се ле, буквално: бесен до смрт, со значење „ (јас) сум крајно лут“) се пикантни додатоци на јазикот. Покрај ова, можеме да анализираме многу наставки за вид од аспект на исходниот комплемент; на пример, 了 (ле) значи „готово“ или „веќе“, па така е јасно дека ако тој се стави по глаголот, тој преоѓа во свршена форма. Сличноста запира тука, иако на пример, невозможно е да се конструира можен комплимент кој користи 了 (ле), иако тоа е можно со 了 (љао) (ист знак, различен звук). Иако вториот начин на читање има исто значење како првиот, кај исходниот комплемент едноставно ја означува неможноста за некој глагол (на пр. 受不了, не може да трпи нешто или некој, како „Не можам да истрпам!“). Употребата на исходен комплемент (за едноставно негирање на некои глаголи) е прилично честа. Глаголите кои можат на се негираат на ваков начин често и мораат така што се негираат.

Понекогаш, користејќи го исходниот комплемент, се формираат идиоматски фрази кои немаат никаква врска со исходот. На пример, изразите 看不起, 对不起 [對不起] и 买不起 [買不起] користат 起 (чи, подигање) како исходен комплемент, но нивните значења (погледнува надолу, се извиннува, не може да си приушти) очигледно не се поврзани со фактичкото значење на знаците. Ова се јавува како резултат од метафорични конструкции, каде 看不起 буквално значи не може да погледа нагоре (погледа надолу), и 对不起 [對不起] не може да се соочи (со некој).

Други примери
уреди
  • (та) (ба) (пан) (це) (да) (по) (ле)。 [他把盤子打破了。]
    буквално: тој ПРЕДМ-чинија удри-скрши-ФФ.
    Тој ја удри/испушти чинијата, и се скрши.
    (двоен глагол каде вториот, „крши“, е наставка на првиот, и кажува што му се случило на предметот како исход од дејствието.)
  • (џе(и)) (бу) (дјен) (јинг) (во) (кан) (бу) (дунг)。 [這部電影我看不懂。]
    буквално: Филмов јас гледам-не-разбира.
    Јас не го разбирам филмов (иако го гледав)
    (двоен глагол, каде вториот глагол, „разбира“, е наставка на првиот и ја појаснува можноста и успехот на релевантното дејствие)

Насочен комплемент

уреди

Насоката на едно дејствие во движење мора да се назначи. На наједноставно ниво, двата насочни комплемента 去 (чи, оди) и 来 [來] (лај, доаѓа) мора да се прикачат на крајот на глаголот за да се покаже дека дејствието некако доаѓа кон или си оди од говорникот. Ова може да се состави и со други глаголи кои уште повеќе ја конкретизираат насоката, како да речеме 上去 (шанг чи, качува), 过来 [過來] (гуо лај, доаѓа наваму), кои самите може да бидат прикачени кон некој глагол (како 走过去 [走過去], цоу гуо чи, одење преку). Овие обично ги наоѓаме во апсолутна форма, иако постојат и противпримери (起不来床 [起不來床] или 起床不來, не може да стане од кревет). Друг пример:

  • 他走上来了。 [他走上來了。]
    буквално: тој тој оди накај-дојде-ФФ.
    Тој дојде (накај мене).
    (насочни наставки со значење "доаѓа" и „накај“.)

Мерачи (мерни зборови / единици)

уреди
Главна статија: Кинески мерни зборови

Најпосле, кинеските именки бараат мерачи (мерни зборови или класификатори) за да можат се избројат. Значи кога се назначува количеството на избројливата именка, мерачот мора да се согласи со именката. Затоа мораме да кажеме „兩頭牛/两头牛 две глава говеда“, не две крави, со тоа што „頭/头 глава“ е мерната единица, или мерен збор. Овој феномен е чест кај источноазиските јазици. Ова го наоѓаме и во македонскиот, каде велиме: „две рала чевли“, „ѕевгар волови“, „три шишиња ракија“ (три ракии).

Мерачите служат слична, но не иста функција како родот на именките кај индоевропските јазици. Додека постојат можеби стотици мерачи кои мораат да се запамтат за секоја именка посебно,огромен дел од зборовите обично користат „個/个 ге“, аналогно на среден род, и многу од оние кои користат други можат да користат и „個/个“ по желба на говорникот. Меѓутоа мерачите не се соема аналогни на род, бидејќи тие често носат лексичко значење. Мерните зборови имаат свои поврзани групи на именки сродни по значење, како да речеме "條/条 тиао" за долги, тенки предмети и животни (на пр. гајтани, змии или риби), „把 ба“ за предмети со рачки (на пр. ножеви, чадори) „張/张 џанг“ за хартија и хартиени предмети (фотографии и др). Меѓутоа мерачите на многу именки се и произволни. „Маса“ (桌子 џуоце) е џанг именка, а „столче“ (椅子 јице) е ба именка, додека друг збор за столче, „денгце“ е именка од среден род „个“.

Наставките за неодредените и демонстративните членови исто така мораат да се сложат со соодветниот мерач на именката. На пример, „гоу“ значи куче или „кучето“. Но за да дадеме на знаење дека „тоа/тоа (кон обратениот) /ова куче“ (демонстратив) треба да речеме „нејџе/наџе/џејџе гоу“, а за да речеме „куче“ велиме „јиџе гоу“, каде наставката „-џе“ се сложува по „род“ со именката „гоу“. На ваков начин, „тоа/тоа (кон обратениот) ова/куќа“ се „нејѕуо/наѕуо/џеѕуо/јиѕуо фангѕе“, каде наставката -цуо се сложува со именката „фангце“.

За низа зборови и предмети спарени со апозитив со мерач (мерен збор), овој апозитивен броен израз обично го следи номиналниот израз. На пример

内含个人资料表格,即DS-230和OF-169两份表格
...ги содржи двата формулари за лични информации DS-230 и OF-169

Во „DS-230和OF-169两份表格“, 两 лианг значи „два“, 份 фен значи „комплет“, и 表格 биаоге е именката „формулар(и)“.

Делови од реченицата

уреди

Белешки

уреди
  1. Yuen Ren Chao, A Grammar of Spoken Chinese, стр. 246.

Наводи

уреди
  • Џао Јуенжен [Zhao Yuanren 趙元任]: A Grammar of Spoken Chinese, Zhongguohua de wenfa 中國話的文法 (Berkeley etc., University of California Press 1968; ново издание во: Zhao Yuanren quanji 赵元任全集 Bd. 3; Beijing, Commercial Press 2004, ISBN 7-100-03345-4).
  • Charles N. Li, Sandra A. Thompson: Mandarin Chinese, A functional reference grammar (Berkeley etc., University of California Press 1981).
  • Lü Shuxiang 呂叔湘: Zhongguo wenfa yaolüe 中國文法要略 (Shangwu yinshuguan 商務印書館 1957).
  • Ванг Ли [Wang Li 王力]: Zhongguo xiandai yufa 中國現代語法 (Zhonghua shuju 中華書局; 1955).
  • Yip Po-Ching [Ye Buqing 葉步青], Don Rimmington: Chinese, A Comprehensive Grammar (Routledge Grammars; Routledge, 2004), ISBN 0-415-15032-9.

Надворешни врски

уреди