Грамадиште (Ковче)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Грамадиште

Карта

Местоположба 41°39′45″N 21°10′23″E / 41.66250° СГШ; 21.17306° ИГД / 41.66250; 21.17306
Основни податоци
Место Ковче
Општина Македонски Брод
Тип

 населба  некропола


Период римско време
Портал „Археологија“

Грамадиштеархеолошко наоѓалиште во поречкото село Ковче. Претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на 2 км јужно од селото, на голема површина од високата тераса што се издига на левиот брег на Мала Река), каде се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Видливи се и големи грамади од градежен материјал. На источниот крај на наоѓалиштето се откриени неколку гробови градени од големи камени плочи, со различна насоченост. Најдени се и неколку монети кои се чуваат кај човек од истото село.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069