Список на градови во Грузија

список на статии на Викимедија
(Пренасочено од Градови во Грузија)

Населението во Грузија е концентрирано во регионот на главниот град Тбилиси, каде живеат 1.314.713 жители (1 јануари 2010 година), што претставува повеќе од една четвртина од вкупното населението во земјата.

Тбилиси
Батуми
Кутаиси
Сухуми

Во следната табела се прикажани градовите и бројот на нивните жители според пописите во 1989, 2002 и 2009[1] година. Исто така, дадена е и административната област (регион или автономна република) во која припаѓа секој град. Главниот град Тбилиси има посебен статус и не припаѓа на ниту една област. Бројот на жителите се однесува само на градовите, без нивните предградија.

Градови во Грузија
р.бр. име на грузиски население административен регион /
автономна република
попис
1989 г.
попис
2002 г.
попис
2009 г.
1. Тбилиси თბილისი 1 243 150 1 073 345 1 106 700 Тбилиси
2. Кутаиси ქუთაისი 232 510 185 965 188 600 Имеретија
3. Батуми ბათუმი 136 930 121 806 122 500 Аџарија
4. Рустави რუსთავი 159 016 116 384 117 400 Долна Картли
5. Сухуми სოხუმი 121 406 н/п (проценка) 39 100 Абхазија
6. Зугдиди ზუგდიდი 49 614 68 894 73 006 Мегрелија-Горна Сванетија
7. Гори გორი 67 787 49 516 46 676 Внатрешен Картли
8. Поти ფოთი 50 569 47 149 46 107 Мегрелија-Горна Сванетија
9. Цхинвали ცხინვალი 42 934 н/п (проценка) 3 500 Внатрешен Картли / Јужна Осетија
10. Самтредија სამტრედია 34 255 29 761 28 748 Имеретија
11. Хашури ხაშური 31 717 28 560 27 811 Внатрешен Картли
12. Сенаки სენაკი 28 938 28 082 27 752 Мегрелија-Горна Сванетија
13. Зестапони ზესტაფონი 25 891 24 158 23 943 Имеретија
14. Телави თელავი 27 848 21 805 20 593 Кахетија
15. Марнеули მარნეული 27 065 20 065 18 755 Долна Картли
16. Кобулети ქობულეთი 20 637 18 556 18 156 Аџарија
17. Ткварчали ტყვარჩელი 21 578 н/п (проценка) 16 800 Абхазија
18. Озургети ოზურგეთი 23 279 18 705 17 743 Гурија
19. Ахалцихе ახალციხე 24 650 18 452 17 298 Самцхе-Џавахетија
20. Цхалтубо წყალტუბო 17 393 16 841 16 736 Имеретија
21. Очамчира ოჩამჩირე 20 379 н/п (проценка) 14 300 Абхазија
22. Каспи კასპი 17 138 15 233 14 734 Внатрешен Картли
23. Боржоми ბორჯომი 17 664 14 445 13 825 Џавахетија
24. Ткибули ტყიბული 21 994 14 464 13 201 Имеретија
25. Чиатура ჭიათურა 28 920 13 835 12 216 Имеретија
26. Сагареџо საგარეჯო 14 439 12 566 12 173 Кахетија
27. Гали გალი 15 687 н/п (проценка) 10 800 Абхазија
28. Гудаута გუდაუთა 15 264 н/п (проценка) 10 800 Абхазија
29. Гардабани გარდაბანი 17 035 11 858 10 972 Долна Картли
30. Хони ხონი 14 298 11 315 10 796 Имеретија
31. Сурами სურამი 6 442 9 773 10 091 Внатрешен Картли

Наводи

уреди
 
  1. Statistical Yearbook Of Georgia, 2009 des Nationalen Statistikbüros Georgiens (englisch, georgisch; ohne Städte in Abchasien und Südossetien)