Рустави (грузиски: რუსთავი) — град во југоисточна Грузија во провинцијата Долен Картли, сместен 25 километри југоисточно од главниот град Тбилиси. Низ градот тече реката Кура. Населението во градот изнесува 125.103 според пописот од 2014, а најмногу од нив работат во металуршката индустрија. Историјата на градот се дели на две епохи: од античко време до уништувањето на градот во 13 век, и модерната епоха од советско време до денес.

Рустави
რუსთავი
Поглед на Рустави რუსთავი
Знаме на Рустави რუსთავიАмблем на Рустави რუსთავი
Амблем
Држава Грузија
РегионДолен Картли
Површина
 • Вкупна60 км2 (20 ми2)
Надм. вис.&10000000000000350000000350 м
Население (2014)
 • Вкупно125,103
Час. појасГрузиска зона (UTC+4)
КлимаВлажна суптропска
Мреж. местоrustavi.ge

Низ својата историја, Рустави бил напаѓан од повеќе освојувачи. Историчарите бележат дека бил освоен од Александар III Македонски, а во шестиот век од нашата ера бил нападнат од персискиот крал. Во 11. век градот бил освоен од Турците Селџуци. Монголскиот водач Тамерлан целосно го уништил градот, оставајќи го пустина во 1265 година.

Рустави бил возобновен како современ град во време на процесот на индустријализација на Советскиот Сојуз предводен од Јосиф Сталин. Во периодот 1941–1950 била изградена фабрика за преработка на железна руда која била носена од блиските градови во Азербејџан. По крајот на Втората светска војна, Рустави бил поделен на два дела: Dzveli Rustavi (Стар Рустави) и Akhali Rustavi (Нов Рустави). Стариот дел имал сталинистички архитектонски стил, додека новиот дел имал блокови згради кои потсетувале на советскиот стил.

Збратимени градови

уреди

Рустави е збратимен со:

Клима

уреди
Климатски податоци за Рустави
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 6.3
(43.3)
7.9
(46.2)
12.4
(54.3)
19.6
(67.3)
24.8
(76.6)
28.6
(83.5)
31.9
(89.4)
31.6
(88.9)
27.0
(80.6)
20.3
(68.5)
13.4
(56.1)
8.2
(46.8)
19.33
(66.79)
Прос. ниска °C (°F) −2.3
(27.9)
−1.1
(30)
2.2
(36)
7.6
(45.7)
12.5
(54.5)
16.4
(61.5)
19.8
(67.6)
19.3
(66.7)
15.3
(59.5)
9.4
(48.9)
4.3
(39.7)
−0.3
(31.5)
8.59
(47.46)
Прос. врнежи мм (ин) 21
(0.83)
27
(1.06)
32
(1.26)
46
(1.81)
75
(2.95)
69
(2.72)
41
(1.61)
40
(1.57)
37
(1.46)
41
(1.61)
34
(1.34)
22
(0.87)
485
(19.09)
Извор: Climate-Data.org

[3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Twin-cities of Azerbaijan“. Azerbaijans.com. Посетено на 2013-08-09.
  2. „Miasta partnerskie - Urząd Miasta Łodzi [via WaybackMachine.com]. City of Łódź (полски). Архивирано од изворникот на 24 June 2013. Посетено на 2013-07-21.
  3. „Climate: Rustavi“. Посетено на 2016-02-27.

Надворешни врски

уреди