Градиште (Секулица)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Градиште

Карта

Местоположба 42°02′42″N 22°03′22″E / 42.04500° СГШ; 22.05611° ИГД / 42.04500; 22.05611
Основни податоци
Место Секулица
Општина Кратово
Тип

 градиште


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Градиштеградиште од доцноантичкиот период во атарот на селото Секулица, Македонија. Високо во пределот на Црн Врв, на рид со зарамнето плато постоел одбранбен ѕид (сега ридот е уништен од рудникот „Силекс“), кој оградувал простор од 250 на 150 метри. Уништени се многу објекти и еден водосклад. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Биле откриени повеќе од 100 питоси, а биле пронајдени и две големи депоа со златни и бронзени византиски монети (фолеси) ковани во V и VI век. Монетите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 186. ISBN 9989-649-28-6.