Градиште (Кучичино)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Градиште

Карта

Местоположба 41°50′42″N 22°19′2″E / 41.84500° СГШ; 22.31722° ИГД / 41.84500; 22.31722
Основни податоци
Место Кучичино
Општина Чешиново-Облешево
Тип

 градиште


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Градиштеархеолошко наоѓалиште во кочанското село Кучичино. Претставува градиште од Доцната антика. На 3 км јужно од селото се издига висок рид со доминантна местоположба. На врвот има зарамнет простор со димензии од 100 × 70 м, ограден со остатоци од бедем зачуван во темелите, граден од кршен камен и варов малтер. По површината на градиштето се гледаат траги од неколку помали објекти, како и множество фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 177. ISBN 9989649286.