Градиште (Градец, Гостиварско)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Градиште

Карта

Местоположба 41°53′45″N 20°54′15″E / 41.89583° СГШ; 20.90417° ИГД / 41.89583; 20.90417
Основни податоци
Место Градец
Општина Врапчиште
Тип

 градиште


Период римско време
среден век
Портал „Археологија“

Градиштеархеолошко наоѓалиште во гостиварското село Градец, Општина Врапчиште. Претставува градиште од римското време и средниот век. Се наоѓа на западната периферија на селото, каде што се издига висок рид кој од западната страна со долот Сува Река е отсечен од масивот на Шар Планина. Пристапен е единствено од источната страна која е отворена и во помали тераси се спушта кон полето. На долните тераси се забележуваат бедеми ѕидани од кршен камен и варов малтер, а по површината има множество кршен камен, тегули, фрагменти од питоси и керамички садови. Најдени се монети и надгробни стели од бел мермер. Градиштето има извонредна стратегиска положба и се претпоставува дека би можело да се работи за легендарниот град Полог.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069