‘Рбетен столб
‘Рбетниот столб (на латински columna vertebralis) — дел од скелетот на ‘рбетниците кој се состои од ‘рскавични или коскени прешлени. Кај човекот тој е изграден од 32-34 прешлени (7 вратни, 12 градни, 5 карлични, 5 крсни и 3-5 опашни). Крсните и опашните прешлени се сраснати и ги образуваат соодветно крсната (лат. os sacrum) и опашната коска (лат. os coccygis). Познато е дека сите ‘рбетници поседуваат 7 вратни прешлени.
Во ‘рбетниот столб постои ‘рбетен канал во кој е сместен ‘рбетниот мозок.
Градба на ‘рбетниот столб кај различни животни
уредиВид | Број на прешлени | |||||
---|---|---|---|---|---|---|
вратни | градни | карлични | крсни | опашни | вкупен број | |
Човек | 7 | 12 | 5 | 5 | 3-5 | 32-34 |
Коњ | 7 | 18 | 6 | 5 | 15-21 | 51-57 |
Говедо | 7 | 13 | 6 | 5 | 18-21 | 49-52 |
Овца | 7 | 13 | 6-7 | 4 | 16-18 | 46-49 |
Свиња | 7 | 14-15 | 6-7 | 4 | 20-23 | 51-56 |
Куче | 7 | 13 | 7 | 3 | 20-23 | 50-53 |
Мачка | 7 | 13 | 7 | 3 | 22-23 | 52-53 |
Зајак | 7 | 12 | 7 | 4 | 16 | 46 |
Морско прасе | 7 | 13-14 | 6 | 2-3 | 4-6 | 32-36 |
Видра | 7 | 14 | 6 | 3 | 18 | 48 |
Жирафа | 7 | 14 | 6 | 3 | 11 | 41 |
’Рбетен столб' или само ’рбет (лат. columna vertebralis) — де од скелетот го градат 33-34 куси коски или прешлени (Vertebrae). Прешлените се делат на :
- 7 вратни (vertebrae cervicales),
- 12 градни(vertebrae thoracicae),
- 5 слабински (vertebrae lumbales),
- 5крстни (vertebrae sacrales)
- 4-5 тртички (vertebrae coccygae).
Првите 24 прешлени слободни и подвижни, додека последните 9-10 меѓу себе се сраснати во две коски и тоа крстна коска (os sacrum) и тртичка коска (os coccygis). На прешлените се разликуваат заеднички и посебни особини.
Заеднички особини на коските на ’рбетот кај човекот
уредиНа секој прешлен се разликуваат следните делови:
- Прешленско тело
- Прешленски лак
- Израстоци на прешленот
Прешленско тело(corpus vertebrae) обично е со валчеста форма. На него се разликуваат две страни, горна и долна. Идејќи од горе надолу телата на прешлените се наголемуваат бидејќи тие ја носат тежината на човечкото тело. Прешленскиот лак(arcus vertebrae) се протега од телото наназад и ограничува со него прешленски отвор (foramen vertebrale). Задебелен текстИзрастоци на прешленот служат за поврзувајне на мускули и за меѓусебно зглобување на прешлените.Тие се три парни и еден непарен: напречен израсток (processus transversus) што се протега бочно од обете страни на телото, горни и долни зглобни исрастоци (processus articulares superiores и processus articulares inferiores) за меѓусебно зглобување на прешлените и напречен шилчест израсток (processus spinosus), насочен наназад.
Видови прешлени кај човек
уредиВратни прешлени (vertebrae cervicales)
уредиВратните прешлени се разликуваат од другите со својот бочен израсток кој поседува кружен отвор за вертебралната артерија. Нанеговото тело е помало во споредба на др прешлени. Од вратните прешлени по надворешна форма се разликуваат првиот и вторио. Првиот е наречен носач или атлас (atlas). Тој нема тело туку е составен од преден и заден лак меѓусебно споени со бочни маси. Бочните маси носат зглобни површини и тоа по една горна за зглобување со тилната коска и по една долна за зглобување со вториот вратен прешлен. Вториот прешлен наречен свртувач (axis) поседува тело, но на неговата горна страна се наоѓа заб (dens)за зглобување на предниот дел од атласот.
Градни прешлени (vertebrae thoracicae)
уредиГлавна одлика на градните прешлени со зглобните површини што се наоѓаат на бочните страни од телото за зглобување со ребрата.
Слабински прешлени (vertebrae lumbales)
уредиТие поседуваат масивно тело , а напречните израстоци се долги и претставуваат остатоци од закржлаени ребра. Петтиот лумбален прешлен со своето тело е издаден од карличната празнина и заедно со крстната коска формираат испакнатост (promontorium).
Крстни прешлени (vertebrae sacrales)
уредиКрстните прешлени меѓусебно се сраснати и градат единствена крстна коска (os sacrum). Таа е триаглеста со врв насочен надолу , а базата е зглобена со петтиот лумбален прешлен. Коската целосно е свиткана нанапред . Предната -мазна страна е карлична и свртена кон карлицата. На не а се забележуваат карлични сакрални отвори за премин на нерви. Задната е рапава а исто така поседува и надолжни коскени гребенипредизвикани од сраснатите зглобни израстоци. Меѓу гребените се забележуваат задни сакрални отвори. Бочно крстната коска носи по една зглобна површина налик на уво (facies auricularis) за зглобување со карличната коска.
Тртички прешлени (vertebrae coccygeae)
уредиТртичките прешчени меѓусебно сраснати градат единствена тртничка коска (os coccygis) зглобна со врвот од сакрумот.
Надворешни врски
уредиОваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |