Гојко Суботиќ
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Гојко Суботиќ (11 август 1931, Босанска Градишка, Босна и Херцеговина) — историчар на уметноста, академик, МАНУ.[1].
Гојко Суботиќ | ||
Роден | 11 август 1931 Босанска Градишка, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Националност | Србин | |
Занимање | историчар на уметноста, академик, МАНУ. |
Научна активност
уредиЕден од најзначајните проучувачи на спомениците од средниот век и од периодот на турското владеење во Македонија. Речиси половина од неговиот опус е со тематика сврзана со живописот на византискиот стил во македонските споменици. Во делото Охридската сликарска школа од ⅩⅤ век ги има анализирано сите сликарски ансамбли на македонски терен, како и во Бугарија и во Грција, за коишто мисли дека припаѓаат на Охридската школа од ⅩⅤ век, со што битно ги збогатува нашите сознанија за овој малку проучуван период на уметноста во Македонија. Книгата спаѓа меѓу најреферентните студии за овој период во светот.
Исто така, и книгата „Свети Константин и Елена во Охрид“ е прва и единствена монографија за овој значаен храм во охридскиот среден век. Се занимавал со проучување на живописот и архитектурата на повеќе храмови во Западна и во Северна Македонија. Имал објавено посебни студии за пештерната црква кај Радожда, [[Струшко, за црквата во с. [[Лескоец, [[Охридско, „Св. Никола Болнички “ во Охрид, за зографот „Константин и неговиот син Јован“ во параклисот „Св. Јован Претеча “ во „Св. Софија “ во Охрид, за црквата „Сите Свети “ во с. Лешане, Охридско, натписите во „Св. Наум Охридски “, „Св. Ѓорѓи “ во Бањани, Скопско, манастирот „Богородица Месонисиотиса“ и „Богородица Гавалиотиса “ во Воден, „Св. Ѓорѓи “ во Речица кај Охрид.[2]
Библиографија
уреди- Пештерна црква „Св Арханел Михаел “ кај Струга, „Зборник Филозофског факултета“, 1, Београд, 1964, 299–331;[3].
- „Почетоците на монашкиот живота и црквата на манастирот Сретение “ во Метеори, ЗЛУ, 2, Нови Сад, 1966, 127–181;
- „Датирање на црквата „Св. Никола Болнички “ во Охрид, „Зограф“, 3, Београд, 1969, 16–17;
- „Два споменици на охридското sидног сликарство од ⅩⅤ века: ктитори и време на датирање]] “, „Зборник Светозара Радојчиќ“, Београд, 1969, 315–333;
- „Свети Константин и Елена во Охрид “, Белград, 1971;
- „Охридскиот сликар Константин и неговиот син Јован “, „Зограф“, 5, Београд, 1974, 44–47;
- „Охридската сликарска школа од ⅩⅤ век “, Белград – Охрид, 1980;
- „Печкиот патријарх и охридски архиепископ Никодим “, ЗРВИ, 21, Београд, 1982, 213-236; Г. Суботиќ, Ц. Грозданов,
- „Црквата свети Ѓеорѓи “ во Речица крај Охрида, „Зограф“, 12, Београд, 1982, 62–75;
- „Натписите од Свети Наум, Св. Наум Охридски “, Охрид, 1985, 99–109;
- „Свети Ѓеорги в Бањани: историја и архитектура, ЗЛУ, 21, Београд, 1985, 135–161;
- „Манастирот Богородица Месонисиотиса “, ЗРВИ, 26, Београд, 1987, 125–171;
- „Богородица Гавалиотиса“ во Воден, ЗРВИ, 27–28, Београд, 1989, 217–263. Цв. Гр.