Господинот Шмит (филм)

Господинот Шмит (англиски: About Schmidt) – американски филм од 2002 година, во режија на Александар Пејн, а според сценариото на Александар Пејн и Џим Тејлор, засновано на романот на Луис Бегли. Главните улоги ги толкуваат: Џек Николсон, Кети Бејтс, Хоуп Дејвис, Дермот Малрони и Џун Сквиб. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во категориите за најдобар глумец и најдобра споредна глумица. Исто така, бил номиниран за наградата „Златен глобус“ во пет категории, од кои победил во две - за најдобар глумец и за најдобро сценарио.[1]

Александар Пејн

Содржина

уреди

Ворен Шмит (го игра Николсон) е успешен човек кој работи во осигурително друштво, но на возраст од 66 години мора да оди во пензија. Тогаш, неговиот живот се менува од корен и времето го поминува само со сопругата Хелен, која набргу умира. Дури тогаш, тој сфаќа дека е осамен, па почнува да го финансира образованието на едно дете од Танзанија. Потоа, тој ги открива љубовните писма на жена му и неговиот најдобар пријател. Затоа, со својата камп-куќичка заминува на патување по местата што ги посетил во минатото, по што ја посетува ќерката. Таа ја подготвува свадбата, но Ворен воопшто не го одобрува нејзиниот брак...[1]

Наводи

уреди