Горни Пиринеи
Горни Пиринеи (француски: Hautes-Pyrénées; гасконски/ окситански: Nauts Pirenèus/Hauts Pirenèus; шпански: Altos Pirineos ; каталонски: Alts Pirineus) ― департман во регионот Окситанија, југозападна Франција. Во 2019 година, во департманот живееле 229.567 жители;[1] а негова префектура е Тарб. Името го добил по планинскиот венец Пиринеи.
Горни Пиринеи Hauts Pirenèus (окситански) Altos Pirineos (шпански) Alts Pirineus (каталонски) | |||
---|---|---|---|
Департман во Франција | |||
Седиштето на префектурата во Тарб | |||
Местоположба на Горни Пиринеи во Франција | |||
Држава | Франција | ||
Регион | Окситанија | ||
Префектура | Тарб | ||
Површина1 | |||
• Вкупна | 4.464 км2 (1,724 ми2) | ||
Население (2019) | |||
• Вкупно | 229.567 | ||
• Ранг | 86-то | ||
• Густина | 51/км2 (130/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Број на департманот | 65 |
Историја
уредиПорано, на ова место се наоѓал департман познат како Бигор, кој на моменти имал независност, но подоцна станал дел од покраината Гаскоња. По Бретињскиот договор од 1360 година, голем дел од областа бил под Англиска управа. Во 16 век, бил дел од хугенотското подрачје на монарсите на Навара, донесени во Франција од Анри IV.
Департментот Горни Пиринеи е создаден за време на Француската револуција, на 4 март 1790 година, со ургенција на францускиот политичар Бертранд Баер, член на Конвентот.
Географија
уредиГорни Пиринеи се состои од неколку одделни географски области. Во јужниот дел, долж границата со Шпанија, се наоѓаат планините Вињмал, Пик ду Миди де Бигор и планинските венци Неувил и Арбизон. Другата област се состои од ритчиња со мала надморска височина. Северниот дел од департманот се состои од претежно низинско обработливо земјиште. Високи Пиринеи има две мали територијални ексклави — остатоци од средниот век — сместени во соседниот департман Атлантски Пиринеи.
Поголеми градови
уредиОбласта околу Тарб е економски и административен центар на департманот, а Лурд, вториот по големина град во Горни Пиринеи, речиси е исклучиво посветен на религиозната индустријата. Во 2019 година, имало 7 комуни со преку 5.000 жители:[1]
Комуна | Население (2019) |
---|---|
Тарб | 42.758 |
Лурд | 13.132 |
Орлеан | 7.864 |
Бањер де Бигор | 7.085 |
Ланмезан | 5.816 |
Бордер сир л'Ешез | 5.357 |
Семеак | 5.085 |
Туризам
уредиНационалниот парк Западни Пиринеи зафаќа голема област и таму се наоѓаат познатите туристички атракции како Гаварниев Цирк (Cirque de Gavarnie) и Шпански мост (Pont d'Espagne). Оваа област е омилена дестинација за планинарите и планинските ентузијасти.
Оваа област можеби била позната уште од античко време по топлите извори, а околу нив биле изградени неколку градови, особено Котрет, Луз-Сен Совер и Бањер-де-Бигор. Југозападно од Котрет има популарно езеро. Во Горни Пиринеи има многу популарни скијачки центри.
Овој департман е речиси секогаш е дел од рутата на Тур де Франс, со значително тешки превои како што се Турмале, Обиск и Сулор .
-
Светилиштето во Лурд
-
Пик ду Миди де Бигор
-
Вињмал
-
Езерото Бастан, пред зајдисонце
-
Гаварниев Цирк
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- (на француски) Мрежно место на Советот на департманот Горни Пиринеи
- (на француски) Мрежно место на префектурата
- Национален парк Пиринеи
- (на француски) 360° панорамски фотографии Архивирано на 20 август 2022 г.