Горица (Лескоец)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Горица“
| |
Местоположба | 41°9′1″N 20°49′41″E / 41.15028° СГШ; 20.82806° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Лескоец |
Општина | Охрид |
Тип |
|
Период | неолитско време |
бронзено време | |
доцноантичко време | |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Горица — археолошко наоѓалиште во охридското село Лескоец. Претставува населба од неолитот, бронзеното и доцноантичкото време и средновековна некропола. На околу 5 км североисточно од Охрид, од десната страна на патот за Ресен има мал рид со зарамнета површина од 500 на 150 метри на која се среќаваат фрагменти од керамички садови со различна временска припадност. Со вадењето камен варовник, од кој се пече вар, селаните откопале повеќе гробови во кои нашле накит од бронза. Во североисточниот крај на тумбата, биле откопани други гробови со конструкции од камени плочи, а во еден бил најден бронзен крст. Наодите се чуваат во Заводот и Музеј во Охрид.[1]
Поврзано
уреди- Белио — средновековна населба;
- Лелешница — некропола од доцноантичкото време;
- Св. Никола — средновековна црква и некропола;
- Св. Петкина Нива — некропола од римското време;
- Св. Спас - Вознесение — средновековна црква и некропола;
- Сред Село — населба од неолитското време;
- Лескоец;
- Список на археолошки наоѓалишта во Охридско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 250, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |