Горица (Горно Лакочереј)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Горица

Карта

Местоположба 41°10′6″N 20°48′18″E / 41.16833° СГШ; 20.80500° ИГД / 41.16833; 20.80500
Основни податоци
Место Горно Лакочереј
Општина Охрид
Тип

 населба  некропола


Период римско време
Портал „Археологија“

Горица археолошко наоѓалиште во охридското село Горно Лакочереј. Претставува некропола и населба од римско време. На тумбата што се спушта кон полето, оддалечена 500 м североисточно од селото, по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, градежен материјал и друго. Видливи се и темели од градби ѕидани од кршен камен и варов малтер. На западната страна на тумбата селаните откриле гробови градени од тегули − тип „на две води“.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 246, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069