Горан Стојковиќ
Горан Стојковиќ (Куманово, 18 мај 1972 - Банско, 11 јануари 2015) — македонски политичар, виден активист на Српската заедница во Македонија и Генерален секретар на ДПСМ.
Горан Стојковиќ | ||
Роден | 18 мај 1972 Куманово, СР Македонија, СФРЈ | |
---|---|---|
Починал | 11 јануари 2015 Банско, Бугарија | (возр. 42)|
Занимање | општественик |
Животопис
уредиСтојковиќ е роден на 18 мај 1972 година во Куманово. Основно образование и гимназија завршил во Куманово, додека Машински факултет во Скопје. Во 2002 година, Стојковиќ бил назначен за Претседател на Општинска организација на Демократска партија на Србите во Македонија (ДПСМ) Куманово, од јануари 2009 година за Претседател на Извршниот одбор а подоцна бил избран и за Генерален секретар на ДПСМ.. Бил долгогодишен член на Српска заедница во Македонија каде што оставил огромен удел како член на Претседателството. Стојковиќ бил претседател на КУД „Српски вез“, а својата професонална кариера ја завршил како вработен во А.Д „Гама“, Скопје. Работел како директор на Македонија пат и бил советник во Општина Куманово. Бил женет и татко на две деца. Починал од срцев удар на 11 јануари 2015 година во Банско, Пиринскиот дел на Македонија, кога бил на семеен одмор.[1]