Горанце (Генерал Јанковиќ)

село во Косово

Горанце (албански: Gorancë) — село во општина Генерал Јанковиќ, Косово, до самата граница со Република Македонија.

Горанце
село
Gorancë
Горанце is located in Косово
Горанце
Горанце
Местоположба во Косово
Координати: 42°08′34.8″N 21°13′58.9″E / 42.143000° СГШ; 21.233028° ИГД / 42.143000; 21.233028
ДржаваРепублика Косово
ОкругУрошевац
Население
 • Вкупно1.028
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Таблици05

Географија и местоположба

уреди

Историја

уреди

Во XIX век, селото е дел од Тетовска каза на Призренскоит санџак.

По Првата балканска војна, станува дел од Кралството Србија, т.е. Јужна Србија. По Втората светска војна, званично останува во рамките на Србија, иако географски припаѓа кон Македонија.

Население

уреди

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 311 жители.[1]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горанци живееле 76 жители Македонски христијани и 165 Арнаути муслимани.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горанце имало 120 Македонски патријаршисти.[3]

Според пописот од 1913 година селото има 299 жители и било седиште на истоимената општина.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Албанци и 100 Македонци.[5]

Година 1857 1900 1913 1931 1948 1953 1961 1971 1981 1991 2011
Население 311 241 299 450 539 583 567 584 627 684 1028

Според пописот од 2011 година, селото имало 1.028 жители, сите Албанци.

Наводи

уреди
  1. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  2. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905.
  4. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.