Голем Узењ
Голем Узењ (руски: Большой Узень) или Улкен Узен (казашки: Үлкен Өзен или Қараөзен) — река in Саратовската област во Русија и Западноказахстанската област во Казахстан. Долга е 650 км, а нејзиниот слив зафаќа површина од 15.600 км2.[1]
Голем Узењ Большой Узень Үлкен Өзен (Қараөзен) | |
---|---|
Поглед на реката кај Новоузенск | |
Местоположба | |
Земји | Русија Казахстан |
Физички особености | |
Извор | Обшчиј Сирт |
• координати | 51°39′07″N 48°42′41″E / 51.65194° СГШ; 48.71139° ИГД |
• надм. вис. | 120 м |
Устие | Камиш-самарски Езера |
• координати | 48°55′46″N 49°54′46″E / 48.92944° СГШ; 49.91278° ИГД |
• надм. вис. | -8 м |
Должина | 650 км |
Големина на сливот | 15.600 км2 |
Проток | |
• просечен | 7,3-393 м3/с кај Новоузенск |
Особености на сливот |
Крај реката лежи градот Новоузенск. Нејзините води се користат за водоснабдување на жителите и наводнување.
Течение
уредиГолем Узењ извира од западниот крај на возвишениот венец Обшчиј Сирт во Русија, и тече во јужен правец низ степите на Прикасписката Низина. Течението му е напоредно на она на Мал Узењ, чие корито е 50 км поназапад. Меѓу овие две реки се наоѓа езерото Баликти Саркил. Реката завршува кај селото Сарикол во едно од Камиш-самарските Езера, група езерца и блата во западен Казахстан.[2]
Реката е најполноводна во април поради надојдената топеница од снег. Некои делови од Голем Узењ лете знаат сосема да пресушат. Кај Новоузенск протокот се движи од 7,3 до 393 м3/с. Реката замрзнува во декември и останува под мраз сè до крајот на март или почетокот на април.
Наводи
уреди- ↑ Узењ Голем и Мал — Голема советска енциклопедија (руски)
- ↑ „Топографска карта М-39“. Посетено на 6 март 2023. (руски)
Надворешни врски
уреди- Голем Узењ на Ризницата ?
- Голем Узењ — Голема руска енциклопедија (руски)