Народниот јазик (говор) е говорот на една област, определена територија. Тој претстваува историска, територијална, општествена и функционална форма на јазикот што се зборува на таа определена област. Националниот јазик претставува како општа јазична разновидност на народниот јазик.

Ширење на функциите на народниот јазик во Македонија уреди

Важен период на употреба на македонскиот народен јазик е периодот од 12 до XVIII век. Во тој период народниот јазик се користел во говорот, а во пишувана форма се употребувал црковнословенскиот литературен јазик. Ова било битна особеност на македонската општествена и јазична средина во тоа време.[1] Соодветни ситуации во тоа време има во другите словенски земји, особено во православните. Во западноевропските земји подолго време во писмена форма се користел латинскиот јазик, особено во црквата и во науката.

Црковнословенскиот јазик бил јазик на црковната богослужба, како и јазик на литературата која имала религиозен карактер. Говорниот јазик се развивал при меѓусебно општење, во семејството, во населените места, но и во колективните искажувања, како што се народните песни и приказни.

Црковнословенскиот и народниот јазик биле во постојан контакт, па во црковнослосвенските текстови постепено навлегувале особеностите од народниот јазик. Мошне рано се појавуваат народни зборови и изрази на маргините на ракописите. Имено, при својата препишувачка дејност, препишувачите ставале белешки за современи настани, лични, поетски искажувања, а записи оставале и лица вклучени во богослужбата.[2]

Македонскиот народен јазик постепено презел дел од функциите на јазикот на администрацијата. Тоа особено доаѓало до израз во грамотите: текстови со кои се покажувала имотната состојба на македонските манастири и кодиците: ракописни книги со записи за дарителите на македонските манастири. Еден од најубавите примери за ова е Калиманова грамота од почетокот на 16 век, како и Трескавечкиот кодик.

Треба да се напомене дека ширењето на народниот јазик било спонтано. Писмен јазик бил црковнословенскиот, но пишувачите спонтано ги упоребувале особеностите од македонскиот народен јазик, затоа што се служеле со него во говорот. Но, од 16 до XVIII век, започнува таканаречената свесна употреба на македонскиот литературен јазик во дамаскинарската литература. Во јазикот на македонските дамаскини црковнословеснките јазични особеност постепено се заменуваат со општонародни.[3] Јазикот на дамаскините го означува преминот од црковнословенски во македонски народен јазик.

Наводи уреди

  1. Група автори: „Македонски јазик и литература“, Просветно дело, 2006 г., стр. 34.
  2. Група автори: „Македонски јазик и литература“, Просветно дело, 2006 г., стр. 35.
  3. Група автори: „Македонски јазик и литература“, Просветно дело, 2006 г., стр. 36.